28 Март, 2024
0.0235

Зошто државата собира помалку пари од акцизи годинава

Објавено во: Финансии 29 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Владата наплатила годинава за три месеци од акцизи вкупно 5.129 милиони денари, што  е за дури 9,5 проценти помалку во споредба со истиот период од 2018 година. Податоците од Министерството за финансии покажуваат надолен тренд кај овие давачки кои до третиот месец учествуваат со над 19 отсто во вкупните даночни приходи.

Државата наплатува акцизи на повеќе акцизни стоки меѓу кои и на нафтените деривати, а дополнителните акцизи за дизелот требаше да ги зголемат приходите во буџетот. Од лани има повисоки акцизи за овој дериват, но ефектот не е значаен. Годинава, пак, барем во првите три месеци акцизните приходи се помали на вкупна основа. 

Инаку акцизите за нафтените деривати станаа актуелни деновиве откако дел од диструбутерите ја повикаа државата да се откаже од дел од акцизниот приход за да се намали цената на бензините на пумпите. Вчера министерот за финансии Драган Тевдовски рече дека нема да има промени.

„Апсолутно нема никакви промени во регулативата. Значи тоа е што е во законите, рече Тевдовски. 

Најголемиот дистрибутер Макпетрол објави дека со новата Методологија, со која Регулаторната комисија за енергетика од завчера повторно ги одредува цените на горивата, власта и натаму не сака да се откаже од дополнителните зафаќања кај акцизата. Макпетрол, пак, откако РКЕ вчера ги објави новите цени на горивата кои ќе важат наредните седум дена, соопшти дека согласно нивните пресметки, цените би требало да бидат пониски за по половина денар по литар кај сите деривати, од оние што ги утврдија регулаторите.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка