ЗОШТО Е ДОБРО ДА СИ ДИРЕКТОР ВО МОЌНА ШПЕДИТЕРСКА КОМПАНИЈА - ова е сумата на платите, наградите и осигурувањето исплатена на членовите на Бордот на „Фершпед“

Објавено во: Економија 17 Април, 2025 08:03
Мај е месец во кој котираните акционерски друштва ги одржуваат своите редовни годишни акциомнерски собранија, а на нив се носат бројни одлуки кои се интересни за инвеститорската заедница, но и за јавноста.
Седницата на Собранието на акционери ја свика и познатата компанија „Фершпед“, а го определи и датумот, 22 следниот месец, предвиден за акционерско изјаснување.
Ќе се разгледува и одобрува Годишната сметка, финансиските извештаи за 2024 година ревидирани од овластен ревизор, како и Годишниот извештај за работењето за ланската година, ќе се носи одлука за распределба на добивката за минатата година, одлука за исплата на дивиденда со дивиденден календар, ќе се одобрува Извештајот поднесен од неизвршните членови на Одборот на директори за резултатите од контролата над управувањето со друштвото, Годишниот извештај за работата на Службата за внатрешна ревизија, Консолидираната годишна сметка и Консолидираните финансиски извештаи, Годишниот извештај за работењето, одлука за одобрување на работата на членовите на Одборот на директори, како и одлука за избор на членови на органот на управување.
А, од документите кои ќе се разгледуваат, се откриваат и висината на платите, бонусите и другите бенефиции од членството во органите на управување на компанијата.
Како што е познато, лани Фершпед оствари добивка по оданочување од 1,79 милиони евра. Овие пари конкретно, односно од ланската добивка, нема да одат за дивиденда, туку поголемиот дел од нив, односно 1,3 милиони евра, ќе останат како нераспределена, односно акумулирана добивка, додека, пак, дел од околу 488 илјади евра, ќе се наменат како инвестиции.
Но, тоа не значи дека акционерите на Фершпед нема да земат дивиденда. Бидејќи, на акционерското собрание ќе му се предложи да одобри исплата на дивиденда од некоја останата добивка од многу одамна, уште од 2008 година, на износ нецели 200 илјади евра, или прецизно 191 илјади евра.
Дивидендата во бруто износ по акција ќе изнесува 720 денари. Ќе се исплатува во готово, на трансакциските сметки на акционерите.Дивидендата ќе се исплати во законски предвидениот рок, а најдоцна до 30 септември годинава.
Акционерите ќе ја одобрат работата на членовите на Одборот на директори на друштвото, а како што објавува и самата компанија, тие се Штерјо Наков, кој е претседател на Бордот и неизвршен член, и кој на јавноста и е познат како долгогодишниот прв човек на таа компанија, потоа Драган Наков, кој е извршен член и генерален директор на компанијата, Анета Лазарова, неизвршен член, Лидија Трајковиќ, неизвршен и независен член, како и Игор Митев и Иван Бошковски, кои се неизвршни членови.
На овие членови мандатот за кој се избрани ќе им истече заклучно со 17 мај оваа гподина, па затоа на претстојното акционерско Собрание ќе се бира нов состав на директорскиот борд, со мандат од 4 години, но имињата на новите членови засега остануваат во тајност и ќе се знаат после Собранието на акционери.
На Неизвршните членови на Одборот на директори ќе им се исплаќа месечен паричен надомест во нето износ од 20.000 денари по член.На претседателот на одборот ќе му се исплаќа паричен надомест во износ од единаесет објавени просечно исплатени нето плати по работник во стопанството во земјава.
Членовите потоа ќе одржат конститутивна седница на која од избраните членови ќе изгласаат извршен член и Претседател на Одборот на директори.
Инаку, основната дејност на Фершпед е останати придружни дејности во превозот, но врши и други дејности, како што се складирање, трговија со мешовита стока и угостителство.
Во годишниот извештај од компанијата објавувбаат и дека извршниот член на Одборот на директори и Генерален директор Драган Наков истовремено членува и во органите на управување наХотели Метропол Охрид, Лотарија на Македонија АД Скопје, Фершпед Брокер и Европа.
Вкупно на сите вработени, вклучувајќи ги и членовите на Одборот на директори вработени во Друштвото во текот на 2024 година, на бруто основа им се вкалкулирани 3,66 милиони евра за плати, регрес, награди како и за други надоместоци од работен однос пропишани со закон.
А, од годишниот извештај интересно е да се види и колку плати и награди имале членовите на Бордот на директори.
Имено, лани била исплатена сума од 481 илјади евра по основ на бруто плати, награди, осигурување и месечен надомест за учество во органи на управување на членовите на Одборот на директори кои се вработени во друштвото.
Додека, пак, на останатите членови на Одборот на директори кои не се вработени во друштвото, по основ на други примања како што се месечен надомест за учество во Органи на управување, награди и примања по основ на осигурување, им биле исплатени 174 илјади евра.
Надоместоците на членовите на Одбор на директори по основ на членување во органи на управување во други друштва за извештајната 2024 година во бруто износ изнесувале 27 илјади евра, додека, пак, на член од Одборот на директори по основ на бруто плата кај друг работодавач му биле 18 илјади евра.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Во последен момент измена на Законот за енергетика? Цени на струјата и горивата ќе ни одредуваат експерти новодојдени од енергетски компании

Во очекување на трговски договор: пазарите во режим на претпазливост

Мицкоски: На 20 мај Народна банка ќе добие гувернер

ЕУ СО НОВ ПАКЕТ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА - меѓу новите 17 мерки се цели кон „флотата во сенка“ и воената индустрија

ТРАМП ЈА „ПРЕГРНУВА“ КИНА И УДИРА ВРЗ ЕВРОПА: Брисел е последен на ред за трговски договор со Америка

Во Стопанската комора дискусија за иднината на македонската економија

Фактор анализа ГЕВГЕЛИЈА 2024: Кој ги врти големите пари во Гевгелија? „Од станица до граница“ лани направија 225 милиони евра!!!

ЧИСТ ПРОФИТ ОД 680 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - „Адинг“ во првиот квартал имаше добра заработка, но каква е споредена во однос на лани

ЕСМ богати грчки трговци со јаглен, додека се подготвува новиот рудник
