18 Април, 2024
0.1603

ЗОШТО ЕСЕНТА НОСИ ПОГОЛЕМА ОПАСНОСТ ЗА КОВИД-19 - Филипче ги кажа причините

Објавено во: Македонија 07 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Зошто есента е поголема опасност за коронавирусот, одговорот го даде вчера министерот за здравство Венко Филипче. 

Евентуалното полошо сценарио наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип, што може да доведе до пренатрупување на болниците со пациенти и тоа да не може да се изменаџира. 

Ова сценарио, како што вчера нагласи министерот за здравство Венко Филипче, би можело да се избегне, но доколку тоа не се случи, здравствените власти ќе го дочекаат подготвени.

А министерот изјави и дека се намалува бројот на нови случаи кога се гледаат неделните анализи и дека има сериозно зголемување на бројот на тестови со што се откриени и голем број асимптоматски случаи што придонесува во намалувањето на ширењето на вирусот. Тој истакна  дека состојбата со коронавирусот кај нас е стабилна и ситуацијата е под контрола на што укажуваат податоците за сериозно намалување на бројот на новозаболени во однос на претходниот период и на помалиот број случаи на хоспитализирани.

„Во континуитет гледајќи ги неделните анализи бројот на новозаразени се намалува. А тоа се должи на сериозното зголемување на направените тестови,а со тоа и откривањето на асимптоматските пациенти кои се многу битни за спречување на понатамошното ширење на вирусот. Увидот на епидемиолошките прашалници ни укажува дека точно знаеме секој пациент од каде е заразен, се прави анализа, се бараат контактите. Благодарение на стратегијата на широко тестирање и стратегијата на тестирањето на контактите коишто немаат симптоми, а епидемиологот ќе утврди дека се од висок ризик - ние успеваме да откриеме голем процент - близу 30, на пациенти кои се асимптоматски. На овој начин се спречува понатамошната трансмисија на вирусот кај човекот кој не е свесен дека е носител на вирусот, поради тоа што нема никакви симптоми“, потенцираше министерот Филипче.

Можеби ќе ве интересира

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат