Зошто Фејсбук загуби 37 милијарди долари?
Објавено во: Свет 21 Март, 2018
Одкако се појави скандалот со протекување на лични податоци
на над 50 милиони корисници, компанијата Фејсбук загуби 37 милијарди долари. Директорот
на компанијата која е поврзана со аферата со податоци на Фејсбук е суспендиран.
„Тоа ги исплаши инвеститорите па вредноста на акциите на компанијата има пад од
седум отсто“, јавува CNN.
Основачот на Фејсбук Марк Зукерберг претрпе загуба од четири милијарди долари.
Падот на вредноста на акциите следува откако американски власти започнаа истрага поради тоа што лични податоци на анд 50 милиони луѓе од Фејсбук биле собирани и злоупотребувани без дозвола.
Фејсбук објавил дека независен тим од дигитални форензичари ќе спроведе истрага и ќе се обиде да открие дали компанијата "Cambridge Analytica" и натаму располага со спорните податоци, кои ги набавила од компанијата "Global Science Research" - "GSR"