29 Март, 2024
0.0322

Зошто гладуваат луѓето во земјата на Ким Џонг Ун?

Објавено во: Свет 15 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Луѓето во Северна Кореја се гладни, тврдат од Јужна Кореја.

Се нудат да им помогнат со храна. 

Тие сметаат дека недостигот од храна во Северна Кореја сè уште е сериозен и дека на земјата ѝ треба странска помош.

Дел од медиумите тврдат дека цената на оризот на пазарите во Северна Кореја во последно време паѓа, што укажува дека земјата можеби не се соочува со толку сериозен недостиг од храна како што сметаат агенциите на ОН.

„Запознаени сме со процената на Светската програма за храна (ВФП) и Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) како официјални и објективни показатели“, изјави портпаролот на јужнокорејското министерство за обединување на двете Кореи, Ли Санг-мин.

Според него, со оглед на природата на севернокорејскиот режим, се смета дека постојат многу ограничувања во реалната процена на состојбата со храната. 

Месецов ВФП и ФАО објавија дека 10 милиони луѓе, или околу 40 отсто од населението во Северна Кореја, итно имаат потреба од храна.

Северна Кореја соопшти дека земјата е погодена со суша, најголема во последните 40 години.

Државната корејска централна новинска агенција КЦНА објави дека во земјата во просек паднале 54,4 милиметри дожд за првите пет месеци од оваа година, што е најниско ниво уште од 1982 година.

Сушата се очекува да трае до крајот на мај.

Можеби ќе ве интересира

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест