16 Април, 2024
0.0257

Зошто има рекорден број на жалби на загубени тендери во Македонија?

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Во 2018 имало рекорден број од 737 жалби на економски оператори кои загубиле од своите конкуренти во огласите за јавни набавки што ги распишале јавните органи на власт. Бројката е убедливо највисока во последните неколку години, а од Комисијата за жалби при јавни набавки велат дека тоа се должи на зголемената доверба, односно дека фирмите повеќе не се плашат да се пожалат како порано. Во 2015-та бројката била 626 жалби, во 2016 бројот изнесувал 623, додека во 2017-та тој бил 561, што е за 176 помалку од ланската година.

„Ова се должи на транспарентноста, доследно почитување на законските одредби при одлучувањето на Државната комисија за жалби по јавни набавки со што се зацврстува довербата кај економските оператори и договорните органи во поглед на донесените одлуки“, велат од комисијата.

Вкупно во 2018 имало 715 оформени предмети, додека вкупниот број на огласи е 21.406 објавени од страна на државните органи и други инстанци на управување. Пресметано, формирани предмети по жалби влегуваат со 3,34 отсто од структурата на објавените огласи во кои имало потреба од услугите и набавките на економски оператори. Бројот на жалбите во однос на 537 договори со преговарање без претходно објавување на оглас е само во 1,12 отсто од случаите.

Сепак, додека бројот на одбиени жалби е горе-доле ист со претходните години, се зголемува бројот на прифатени жалби од страна на фирмите кои конкурирале на тендерите. Нивниот број е 338 прифатени и е многу поголем во однос на претходните години кога се движел од 235 до 271. Меѓутоа, бројот пак на отфрлени жалби (92) е значително поголем од претходните три години.

Интересно е тоа што законодавната власт ја штитела извршната, па така Вишиот управен суд донел 5 пресуди и сите се во корист на жалбите изнесени од страна на комисијата која одлучува за поплаките и забелешките од страна на учесниците на тендерите. Од жалбите кои не биле прифатени, до Управниот суд како тужби пристигнале 95 предмети..

Фирмите кои се жалеле за административни такси и надомест за водење на жалбена постапка платиле осум милиони денарии во државниот буџет, односно во просек по околу 11.200 денари за да се пожалат. Колку е повисока сумата на тендерот, толку е повисока уплатата која се бара.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?