Зошто често избиваат пожари во Сибир?
Објавено во: Свет 05 Август, 2019
Повеќе шумски пожари има во Сибир и рускиот Далечен исток.
Шумските пожари се честа појава во овој дел на Русија. Причините се различни: недостаток на врнежи од дожд, бури со громови без дожд, високи температури, човечки фактор, оган што се шири од други региони итн.
Но, едно нешто им е заедничко: пожарите обично зафаќаат илјадници квадратни километри и честопати ги оставаат сами да се изгаснат.
Пожарите често избувнуваат километри далеку од селата и градовите, а многу е скапо и тешко да се префрлуваат пожарникарите и нивната опрема во овие предели.