Зошто косовски град е во карантин?
Објавено во: Балкан 20 Мај, 2018
Затворањето на патот Приштина-Скопје, на потегот меѓу Качаник и Елез-Хан, сосема им го смени животот на жителите на косовскиот град на границата со Македонија, пишува во денешното неделно издание на приштинскиот весник „Коха Диторе“.
Многубројните ученици од Елез-Хан кои учат во стручните средни училишта во Качаник до сега за да стасаат на училиште излегуваа од дома 15 минути пред почетокот на наставата, а сега патуваат по повеќе од еден час, и најчесто доцнат. Уште повеќе губат оние кои учат во Урошевац – тие изостануваат од последните два часа за да можат да ги фатат последните автобуси за дома.
Една компанија го прекина сообраќањето на линијата Качаник-Елез-Хан, а оние кои прдолжуваат да возат двојно ги зголемија цените. Таксистите од Елез-Хан до Качаник возат за пет пати повисоки цени.
Од 8-ми мај, кога Министерството за инфраструктура го затвори патот поради честите одрони, им се сменија плановите на сите кои имаат работа надвор од градот, а им се менуваат плановите и на оние кои имаат намера да патуваат за Елелз-Хан, па и за Скопје.