Зошто милиони Германци одат на „мини работа“?
Објавено во: Финансии 18 Февруари, 2019
Дури 3.4 милиони Германци работат повеќе работи.
Во 2003 година такви работници имало 1.4 милиони.
Германија е прва земја во Европа по луѓе кои освен основната имаат и дополнителна работа.
Таа „мини работа“ обично им носи по 450 евра месечно.
Мотивите за работење на повеќе работи во исто време се различни, но причина најчесто е лошата финансиска состојба.
Над 4 милиони луѓе во Германија работат месечно за 2.200 евра бруто. Како дополнителна работа најчесто се бираат професии од здравство, нега, туризам, угостителство, трговија.