24 Април, 2024
0.0283

ЗОШТО НЕ Е СПРЕЧЕН НАПАДОТ: 10 дена пред Велигден властите во Шри Ланка знаеле дека се планира масакр

Објавено во: Свет 23 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Полицијата на Шри Ланка десет дена пред масакрот на Велигден дознала дека водачот на Навионалниот Тоухит Џамат Мохамед Захран планира самоубиствен напад.

Заменик шефот на полицијата на Шри Ланка Прилал Дасанајак врз основа на извештај на разузнавачи на 11 април им упатил писмо на владините безбедносни сили во кое ги предупредува на можни самоубиствени напади во католички цркви.

-Треба да го известите персоналот да обрне строго внимание на овој извештај и да бидат посебно внимателни и будни околу лица и локации во ваша надлежност-напишал тој.

Во писмото насловено како „Информација за наводен планиран напад“ се наведува дека државните разузнавачки служби примиле информација од странски разузнавачи дека Захран ќе покрене самоубиствени напади на чија мета ќе бидат познати католички цркви и дипломатска мисија во Коломбо. Дасанајак побарал од властите да го зголемат обезбедувањето на тие локации.

Сепак, останува нејасно дали властите преземале мерки да го спречат нападот и кои. Премиерот на Шри Ланка Ранил Викремесинг рекол дека полицијата не дејствувала на примената информација, ниту пак дека тој е известен за тоа.

Најмалку 290 луѓе загинаа а 500 се повредени во повеќекратни експлозии во три цркви и четири хотели на Шри Ланка во неделата утрото. Ова е прв голем напад во оваа земја од крајот на граѓанската војна .



FOTO: M.A. PUSHPA KUMARA / EPA;

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата