25 Април, 2024
0.0417

ЗОШТО НЕ ОТИШЛЕ ВЕДНАШ ДА ГО БАРААТ, КОНСУМИРАЛ ЛИ НАРКОТИЦИ - хрватската полиција повторно ги сослушува другарите на Матеј, на распит оди и сплиќанката Маја

Објавено во: Балкан 19 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Хрватската полиција денеска повторно ги испрашува пријателите на Матеј Периш, 27-годишниот сплиќанец кој ноќта меѓу 30 и 31 декември исчезна во Белград, дознава „Блиц“. Денеска повторно ќе биде сослушана и сплиќанката Маја С., која Периш последен пат ја повикал кобната ноќ, но таа, како што тврди, не одговорила.

Како што неофицијално дознава Блиц, пријателите на Матеј Периш повторно даваат изјава во хрватската полиција бидејќи се обидуваат да утврдат дали има нешто што се случило таа вечер што досега не ѝ го кажале на полицијата. Според информациите со кои располага јавноста, тие не можеа да објаснат каде отишол Матеј критичната ноќ, зошто истрчал од клубот Готик во кој бил во маица, дали конзумирал наркотици и зошто тие не отишле веднаш да го бараат кога виделе дека не се враќа на нивната маса.

Според некои белградски медиуми, пријателите на Матеј наводно во полиција рекле дека тој можеби вечерта отишол во стан во Дорчол, кој го изнајмиле заедно, но никој не верува во таа верзија, бидејќи сопственикот на станот на младите им дал само еден клуч, а тој не бил кај Матеја, со оглед на тоа што младите отишле таму и спиеле по заминувањето, а потоа утрото кога виделе дека нивниот пријател не се враќа отишле во полиција да го пријават неговото исчезнување.

Одговори на прашањата кои со денеска останаа нејасни треба да даде и сплиќанката Маја С., со која Периш последен пат контактирал таа вечер. Според она што е познато, Матеј на Инстаграм видел дека и таа е во Белград со пријатели, па и испратил порака, а потоа околу 22.30 часот и се јавил на мобилниот.

Таа во својата исповед за ТВ Прва рече дека не одговорила на тој повик, бидејќи не го слушнала телефонот и дека „најмногу и е жал“ поради тоа.

Според хрватските медиуми, Матеј се движел во богато друштво. Работел како капитен. Еден негов другар, со кој бил во Белград за новогодишните празници, завршил Градежно-архитектонско-геодетски факултет, а негови познаници за хрватскиот „Вечерњи лист“ истакнале дека е од угледно семејство и дека неговиот татко е сопственик на градежна и проектантска компанија. Еден од младите е ракометар, а еден завршил средно математичко училиште.

Тие не дадоа изјави за медиумите. Еден од нив накратко за „Блиц“ изјави дека на полицијата „кажале“ се што знаеле, дека ја поддржуваат истрагата и семејството на Матеј, како и дека поминуваат низ многу тежок период. Повеќе од тоа не сакаше да коментира.

Да потсетиме, младиот Матеј Периш од Сплит исчезнал во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември. Периш од сосема непознати причини околу 1.20 часот по полноќ истрчал од клубот „Готик“ каде бил со другарите и оттогаш му се губи секоја трага. Според досега утврденото, се сомнева дека Периш кобната ноќ во близина на ресторанот „Саванова“ се симнал до реката. Зошто - не е познато. 

Извор: српски и хрватски медиуми

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)