Зошто ОБСЕ го искритикува СЈО?
Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2019
ОБСЕ има критика за Специјалното јавно обвинителство и до судот за развлекувањето на судењата.
Времетраењето на постапките, управувањето со судските процеси, одложувањата на рочиштата поради отсуства на обвинетите и законските рокови кои се ризик за бегство на обвинетите се дел од забелешките на ОБСЕ во вториот извешај.
ОБСЕ покажа загриженост за нерешавањето на временската рамка за работа на СЈО, изјави денеска шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која. Тој во обраќањето на презентацијата на вториот преоден извештај на ОБСЕ за работата на СЈО, ги повика политичките партии да се договорат за нацрт-закон за СЈО.
Во извештајот на ОБСЕ, кој се однесува на предметите кои се стигнати до судски рочишта го критикува СЈО дека во дел од предметите презентира непотребно многу докази и сведоци, како и дека во еден наврат не и дозволиле на одбраната пристап до прислушуваните разговори кои биле наведени како доказ.