Зошто Путин однесе две сабји во Туркменистан?
Објавено во: Свет 29 Јуни, 2022
На самитот на Касписките држави во Ашхабад, во Туркменистан, рускиот претседател Владимир Путин пристигна со две сабји.
На екс претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, Путин му донел две сабји на подарок.
„Самитот на Касписките држави е многу важен настан за нашите земји, за целиот регион. Сигурен сум дека ќе биде корисен“, рече рускиот лидер.
На Каспискиот самит учествуваат претседателите на Русија, Иран, Азербејџан, Казахстан и Туркменистан. Инаку, Путин за првпат патува надвор од својата земја откако ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари.
фото принтскрин