28 Март, 2024
0.2486

Зошто работата на „Гранит“ се преполови ?

Објавено во: Економија 17 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Шок за многумина инвеститори кои веруваат во „Гранит“! Добивката на градежниот гигант за првиот квартал е само 469.000 денари односно помалку од 8.000 евра. Толку за три месеци може да заработи просечна градежна мајсторска тајфа. Приходот од продажба за првите три месеци е преполовен во однос на истиот период лани. Што се случува со градежниот гигант кој во во март вложи 7 милиони евра во акции на „Комерцијална банка“?

Имал ли скопски „Гранит“ полош прв квартал? Ретко кој памети од инвеститорската заедница. Најголемата македонска градежна компанија првиот квартал оваа година го заврши со оперативна добивка од 58.000 денари. Верувале или не! Неговите приходи од продажба за првиот квартал изнесуваат 318,7 милиони денари и тие се за 52 отсто пониски од истиот период лани кога изнесувале 639,8 милиони денари. Приходите од странски пазари се толку мали што не се ниту за споменување. Вкупниот оперативен приход на „Гранит“ за првиот квартал е 552,7 милиони денари и тој е 46 отсто понизок од истиот лани. Оперативните расходи на компанијата за првиот квартал се 558,4 милиони денари. Кај сите оперативни расходни ставки е забележливо намалување и тоа во некои ставки и во значајни размери. Најмногу кај услугите со карактер на материјални трошоци каде што намалувањето е за 70 отсто односно од 463,8 милиони денари на 144,8 милиони денари. Единствено зголемување има кај трошокот за вработените и тоа за 14 отсто до износ од 199,9 милиони денари. Колкава е продуктивноста, почитувани читатели, проценете сами за да не не обвинат за злонамерност.

Ако е нешто добро кај „Гранит“ тоа е фактот дека компанијата има ниски финасиски расходи. Тие за првиот квартал изнесуваат 1,05 милиони денари и дури и се малку намалени во споредба со истиот период лани. Позитивно е и тоа што „Гранит“ има поголеми финансиски приходи со кои ги покрива финансиските расходи.

Како што потенциравме, нето добивката на компанијата за првиот квартал годинава во споредба со истиот период лани е намалена за 96 отсто!

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон