Зошто единствено РТ го сними апсењето на Асанж
Објавено во: Свет 13 Април, 2019
Асанж со месеци не беше виден во јавност, од недела на недела односите меѓу него и домаќините се влошуваа, минатата недела Викиликс дури и алармираше дека за „часови или денови“ Асанж ќе биде избркан на улица, и сепак ниту еден британски или светски медиум не успеа да направи снимка од апсењето на Асанж сред Лондон. Освен Руптли на РТ. Офф.нет пренесува текст за тоа како им успеа на РТ.
Што тогаш Руптли на РТ направи поинаку од комплетната глобална медиумска индустрија?
Стави камера пред амбасадата на Еквадор во Лондон и ја остави да снима.
Заменик уредничката за вести на Руптли, Лаура Лучини, објаснува дека снимаат пред амбасадата уште од 5-ти април, и тоа 24-часа без престан, а снимката постојано во живо ја пренесуваат на Јутјуб.
„Минатата недела внимателно следевме како се развива сторијата, додека тим наши продуценти работеа на смени. Во добар дел од овие денови и ноќи немаше никакви случувања. Други снимателски екипи се поставуваа и си заминуваа, но ние останавме. Ние веруваме дека овие снимки имаат голема вредност,“ изјавила Лучини.
Извор off.net.mk. Текстот овде