Зошто само половина ја плаќаат „еко-таксата“?
Објавено во: Економија 10 Август, 2018
Само половина компании и останати субјекти кои увезуваат и употребуваат електрична и електронска опрема досега се регистрирани како плаќачи на т.н. „еко -такса“, односно надоместок кој, според законот за управување со овие урди, се должни да им ја плаќаат на колективните постапувачи - организации кои понатаму со тие пари го надградуваат отпадниот систем во Македонија..
Во регистарот потребни се уште 600-тини имиња на компании, маркети, фабрики, продажни места за бела техника, компјутери и друга електроника, бидејќи се јавува класична нелојална конкуренција, ако се знае дека е предвидено за надоместок да се плаќа и по 1.500 денари за фрижидер од 30 килограми.