19 Април, 2024
0.0298

Зошто СДСМ од старт ја изгоре идејата за широка влада за „национален спас“?

Објавено во: Македонија 12 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Од СДСМ ескпресно и без многу политичко тактизирање ја изгореа идејата за формирање на широка влада за „национален спас“ во која заедно со ВМРО-ДПМНЕ би донеле многу важни и клучни одлуки за иднината на Република Македонија. Првиот опозиционер Христијан Мицкоски понуди поддршка за владата на Зоран Заев доколку тој навистина е реформатор како што сака да се прикажува и ако е уценет од страна на ДУИ со носење на еден контроверзен Закон за употреба јазиците со повеќе членови кои се во колизија со Уставот за кои се уште нема ни оценка од Венецијанската комисија. 

Терминот влада за „национален спас“ е намерно употребен за да потсетиме на едни други времиња во кои ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ владееја заедно во најтешкиот историски период за Република Македонија во воената 2001 година која заврши со потпишување на Охридскиот мировен договор. Тогаш политичарите направија огромни грешки кое се одразија на борбен план, а ниту меѓународната заедница не беше расположена да ги осуди терористичките напади туку да дозволи да се промени наративот во борба за човекови права што единствено добро што направи е што спречи поголем меѓуграѓански конфликт и потенцијално отцепување на територии. Потоа рамковниот договор стана дел од Уставот и од тогаш градиме соживот кој даде и позитивни резултати. Потребата од официјализирање на албанскиот јазик се наметна уште тогаш и сега ДУИ смета дека конечно ќе се заокружи имплементацијата на мировниот договор од Охрид. Сепак, многу експерти предупредија дека законот ваков каков што беше изгласан во првична постапка има свои недостатоци.

Токму затоа од ВМРО-ДПМНЕ се понудија како резервна опција за Заев, ако се оди по секоја цена да биде изгласан овој закон тие да ги понудат своите пратеници во една поширока коалиција при што ќе дадат целосна поддршка за сите реформи. Во таа влада секако, би требало да има место и за албански партии кои нема да инсистираат по секоја цена и без компромиси да се донесе Законот за употреба на јазиците. Наместо, СДСМ која очигледно има чуден и проблематичен однос со ДУИ, да направат политичка калкулација па дури ако сакате и блеф тие избрзаа и „плеснаа“ едно дрско соопштение кон ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи ги дека ја продолжувале политиката на Груевски на поделби.

Тешко на Заев со ваква политичка констелација. Што попрво да направи премиерот. Да го решава спорот за името со Грција, да ја спасува македонската економија, да се бори со се пошироката и се поприфатената норма за корупција во институциите, да ги води реформите кои значат поперспективна иднина или пак, да му ја мисли како да им угоди на своите нетактични коалициски партнерит кои токму сега, баш во овие најделикатни моменти за македонскиот народ соочен со сите овие предизвици и закани треба да прифати закон кој сеопшто е тешко критикуван и неприфатлив за експертската јавност?

СДСМ покажа и голема инфериорност кон ДУИ во случајот на Бекир Асани по инцидентот со полицајката за непрописно паркирано возило. Па дури истиот имаше гротескно интервју со Саше Политико во кое лидерот на ЗНМ го нарекува КОПИЛЕ!!!! 

Доколку навистина Заев добива закани од Ахмети дека сега кога треба се решаваат сите тешки предизвици ќе му ја растури владата ако не го изгласаат заедно Законот за употреба на јазиците навистина чудно е експресно да се одбие понудената рака од ВМРО-ДПМНЕ иако и тој процес на влада за „национален спас“ би донел дополнителни меѓуетнички проблеми, но зарем вреди да се пропуштат историските шанси за напредок на Република Македонија за спас на нечии политички кариери кои да потсетиме дека без помош на СДСМ одамна би биле закопани. 

СДСМ добиваше огромен пораст на гласовите на етничките Албанци и веќе станува надмакедонска партија што за нив е многу добро бидејќи го добиваат легитимитетот и од албанската заедница. Тоа носи и обврски кон Албанците, но со еден закон кој ќе биде уставен и принципиелен без непотребните одредби кои се неодржливи на долг рок. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата