23 Април, 2024
0.0248

Зошто се испратени сто возила на границата со Сирија?

Објавено во: Балкан 23 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Турција ја зајакнува одбраната на границата со Сирија. 

Турција започнала да распоредува дополнителни сили во реоните долж границата со Сирија, кон кои се упатиле околу сто воени возила. Кон пограничните реони се движат конвои од тенкови, топови и автобуси, кои превезуваат припадници на специјалните армиски единици.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган пред два дена соопшти дека најавената воена операција во сириските реони источно од реката Еуфрат против Силите за заштита на народот на сириските Курди, се одлага „за неколку месеци“.

Турција ќе ја продолжи борбата против џихадистичката група Исламска држава во Сирија откако САД ќе ги повлечат своите војници, изјави неодамна турскиот претседател Ердоган. 

Ердоган на 12 декември најави дека „за неколку дена“ Турција ќе започне воена операција против силите на сириските Курди во северна Сирија источно од Еуфарт, што наиде на остри реакции од страна на турските сојузници, кои започнаа притисоци врз Анкара да се откаже од офанзивата.

Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која од 80-те години на минатиот век води вооружена борба за автономија на Курдите во Турција. ПКК е на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

САД ги сметаат силите на сириските Курди за свој важен сојузник во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД) и ги обучуваат нивните припадници и ги опремуваат со оружје и техника.

фото Ројтерс

Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?