Зошто се зајакнати поморските патроли во Персискиот Залив?
Објавено во: Свет 19 Мај, 2019
Арапските земји ги зајакнаа патролите во Персискиот Залив.
Членките на Советот за соработка во Персискиот Залив (ГЦЦ), што го сочинуваат арапските монархии од регионот, започнаа со зајакнати безбедносни патроли во меѓународните води на тоа подрачје, објави денеска Командата на американската Петта флота.
Постои страв од конфликт меѓу САД и Иран.
Властите во Бахреин ги повикаа своите граѓаните да не патуваат од безбедносни причини во Иран и Ирак.
САД во средата повлекоа дел од амбасадата во Багдад.