19 Април, 2024
0.0277

Зошто семејството на убиениот новинар Кашоги замина во Вашингтон?

Објавено во: Свет 26 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Синот на новинарoт Кашоги кој беше искасапен избега во САД. 

Од Саудиска Арабија заминаа во Вашингтон. 

Салах Кашоги и неговото семејство заминаа во САД веднаш откако им се укина забраната за патување. Бегството се случува само неколку дена откако саудиското кралство семејство го прими Салах за да му изрази сочувство за смртта на неговиот татко. Претходно Саудсика Арабија се обиде да го прикрие грозоморното убиство на Џамал Кашоги во конзулатот во Истанбул. Официјалните власти на почеток отфрлија каква била поврзаност со убиството, но под притисок на турските власти кои открија докази, го сменија својот став. Тие излегоа со изјава дека Кашоги го убиле во тепачка во конзулатот. 

Убиството го осуди јавноста, а веќе беа и воведени и санкции односно забрана за продажба на оружје на Саудиска Арабија.

Делови од телото на новинарот беа најдени кај конзулатот. 

Анкара прифати да се формира заедничка работна група со Саудиска Арабија, со цел да се утврдат околностите на исчезнувањето на новинарот.

Kашоги, новинарот кој работеше за „Вашингтон пост“ и беше критичар на Ријад, се води како исчезнат откако на 2 октомври влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да земе некои документи. 

Си-ен-ен објави дека саудискиот државен обвинител призна дека новинарот Џамал Кашоги бил убиен со предумисла, односно дека убиството било однапред планирано.

Убиството ги отежна односите на западните земји со богатата монархија, најголемата извозничка на нафта во светот, голем купувач на оружје од запад.

Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато