29 Март, 2024
0.0251

Зошто треба да се крстиме само во Германија?

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Германија ја крепи македонската извозно ориентирана индустрија и е генератор на девизен прилив без кој нема да не биде. За периодот јануари-ноември 2018 година со Германија имаме трговски суфицит од 1,69 милијарди евра и извоз од 2,5 милијарди евра и тоа е речиси половина од целиот наш извоз! Нашата дијагноза е : преголема зависност од германската економија, но во случајов друго нема.

Македонската економија за првите 11 месеци годинава извезла стоки и услуги во вредност од 2,5 милијарди евра во најсилната европска економија сојузна република Германија. Воедно Германија е нашиот најголем трговски партнер со кој разменуваме стоки и услуги во вкупна вредност од 3,32 милијарди евра. Геерманија е земја со која имаме суфицит во трговската размена и тој изнесува 1,69 милијарди евра. За нашата извозно ориентирана економија Германија е најважниот стратешки партнер затоа што конзумира 45,6 отсто од нашиот вкупен извоз, покажуваат официјалните податоци за периодот јануари-ноември 2018 година, достапни на веб страницата на Државниот Завод за статистика. Замислете што ќе и се случи на нашата економија ако Германија реши да стави вето?!

Само со 4 од најголемите 20 трговски партнери имаме суфицит!

Македонската економија има 20 најголеми трговски партнери и дури со 16 од нив имаме негатива во трговската размена што значи дека увезвуваме повеќе одошто извезуваме. Најголем партнер по Германија ни е Косово каде имаме извоз на стоки и услуги вреден 203,9 милиони евра,а увозот е нешто над 27 милиони евра. Во плус сме и при размената со Австрија каде изнесуваме стоки и услуги вредни 133,7 милиони евра, а внесуваме стоки и услуги за 120,5 милиони евра и Шпанија со која сме во плус од околу 16 милиони евра зашто увозот е 76,6 милиони евра, а извозот е 92,4 милиони евра.

Кој не работи како „бавча“?

Најголем дефицит имаме со Велика Британија. Негативата во трговската размена е 568,6 милиони евра за 11 месеци лани. Грците исто така добро не „работат“. Дефицитот е 424,7 милиони евра, а увозот од таму надминува 601 милиони евра. Кина е на третата позиција на најголеми генератори на трговски дефицит и тој изнесува 355 милиони евра. Кусокот со Србија е 258,8 милиони евра, а со Италија е 224,3 милиони евра. Македонија има трговски дефицит со 16 од 20 најголеми трговски партнери.

Целиот извештај е достапен на следниот линк http://www.stat.gov.mk/pdf/2019/7.1.19.01.pdf


Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!