23 Април, 2024
0.0269

Зошто треба да вложувате во парични фондови?

Објавено во: Мои пари 13 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Честопати како штедачи сме соочени со дилемата: Колкав дел од моите заштеди да ги чувам на трансакциска сметка или пак во готовина, а колкав дел да ги орочам?

Оваа одлука е многу тешка и потребно е посветување на одредено време и ресурси за да се донесе вистинската одлука.
Причината е поради тоа што треба да се земат неколку работи во предвид:

·  Иако готовината и средствата на трансакциската сметка се високоликвидни, тие или не носат никаков принос, или пак тој е минимален.

·  Инфлација претставува порастот на цените на добрата и услугите во целокупната економија. Со растот на цените на суровините, растат и цените на готовите производи, а и платите за вработените.

Ефектот на инфлацијата секоја година влијае на парите кои ги чувате во готовина и им ја намалува нивната вредност.

·  Откако ќе одлучите колкав дел од Вашите приходи ќе ги заштедите, а колкав дел ќе ги чувате како ликвидни средства, следен чекор е да најдете погодно место за штедење.
Различни банки нудат различни каматни стапки, при различни периоди на вложување и при различни услови.

·  Во одредени моменти од Вашиот живот, потребно Ви е поголемо ниво на готовина од таа што ја имате, и ќе се јави потреба од повлекување на средства кои се веќе орочени. Најчесто при ваквите повлекувања, се губи остварената камата или пак се плаќаат казнени пенали.

За среќа, постои и друга алтернатива на класичниот пристап на штедење.

Во 70-тите години од минатиот век, во САД биле оформени првите отворени инвестициски фондови кои вложувале во краткорочни државни записи и обврзници.

Набрзо по нивното создавање, тие се здобиле со популарност како лесна алтернатива за инвеститорите да купат различни безбедни инструменти одеднаш, кои истовремено нуделе повисоки приноси од тие во стандардните трансакциски сметки.

Во изминатава декада, ваков вид на фондови се појавија и во Македонија.

Така, ВФП Кеш Депозит е отворен инвестициски фонд кој главно ги пласира средствата на своите инвеститори во депозити на македонските банки и во македонски обврзници.

Со инвестирање на Вашите средства во овој фонд, го избегнувате процесот на селектирање на најпогодно место за штедење, а наместо тоа инвестирате во диверзифицирано портфолио од нискоризични финансиски инструменти.

Вашите средства ќе се реинвестираат автоматски, ќе бидат ликвидни, и ќе можете да си ги следите преку веб апликацијата.

Доколку не сакате своите средства да ги изложите на висок ризик или ценовни осцилации, тогаш кеш фондовите се одлична алтернатива.

Сепак, најголемиот бенефит од овој фонд е тоа што имате можност да остварувате атрактивен принос, соодветен на ниското ниво на ризик, без да плаќате влезни или излезни провизии за повлекување или повторно вложување на Вашите средства.

Најдобар начин да се искористи ефектот и придобивките од овие парични фондови е преку траен налог, при што дел од Вашиот приход може секој месец директно да си се инвестира во кеш фондот. На тој начин  ќе остварите 3 главни придобивки:

·  Акумулирање на одредена заштеда,

·  Достапност на средствата, без никакви влезни или излезни провизии,

·  Заработка на атрактивна стапка на принос.

За повеќе информации околу ВФП Кеш Депозит фондот, уплатите преку траен налог и нивните предности јавете се на бројот 023 100 535, контактирајте ги на contact@wvpfondovi.mk или пак посетете го нивниот сајт www.wvpfondovi.mk/

Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!