25 Април, 2024
0.0294

Зошто уринарните инфекции се почести кај жените?

Објавено во: Мои пари 22 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Инфекциите на уринарниот тракт се почести кај жените отколку кај мажите бидејќи кај жените уретрата е пократка, рамна и широка и поради тоа бактериите полесно може да преминат во мочниот меур. Значи, причината е пред се‘ заради анатомијата на уринарниот систем, каде кај жените мочниот канал е многу пократок за разлика од мажите. Друга причина е близината на мочниот и аналниот отвор, па можноста за премин на бактериите од фецесот е многу веројатна. Поради истата причина, и  девојчињата почесто заболуваат од уринарни инфекции. Уринарните инфекции се поврзани и со сексуално преносливите болести кај жените. Кај жените, исто така, почести се и воспаленијата на мочниот меур или циститис, а кај мажите почесто е воспалението на уретрата или уретритис. Ако овие воспаленија не се лекуваат, може да дојде до компликации, при што воспалението се шири до бубрезите и се појавува пиелонефритис или многу тешка инфекција уросепса. Речиси 90% од уринарните инфекции се предизвикани од бактеријата Ешерихија коли која вообичаено се наоѓа во цревата. Други бактерии кои предизвикуваат инфекција се стафилококи, протеус, клебсиела, енетерокок и псеудомонас. Одредени инфекции на мочниот меур може да бидат поврзани и со предизвикувачите на сексуално преносливите болести хламидија и микоплазма. Други состојби кои ја зголемуваат можноста за инфекција се: напредната возраст(жени во менопауза), бременост, жени кои користат дијафрагма како контрацепција, практикување на анален секс итн. Во секој случај превентивните мерки се многу важни и со нивна примена може целосно да се избегне појавата на некоја уринарна инфекција. Придржувајте се до следните совети:

1.Лична хигиена: Прв и најважен фактор во спречување на појава на уринарна инфекција..

2.Бришете се од напред кон назад: Водете сметка за ова, особено по голема нужда. Повеќето уринарни инфекции се предизвикани од ректална бактерија која го напаѓа вашето вагинално подрачје.

3.Пијте доста вода: Водата помага за измивање на бактериите во уринарниот тракт и така го намалува ризикот од уринарна инфекција.

4.Избегнувајте создавање запек: Запекот го зголемува бројот на бактерии кои се создаваат во подрачјето помеѓу вагината и анусот. За полесна работа на цревата најважна е исхраната. 

5.Уринирајте секогаш кога имате потреба 

6.Носете само долна облека од памук 

Жените кои се склони на чести уринарни инфекции треба да практикуваат употреба на природни антимикробни препарати (додатоци во исхрана) кои се доста ефикасни во намалувањето на бројот на Ешерихија коли како во урогениталното подрачје, така и во дигестивниот систем. Еден таков пример е комбинацијата од Д-маноза и пробиотик Saccaromycesboulardii. Д-Маноза делува многу едноставно - кога се користи, E. coli бактериите формираат коагрегати со оваа едноставна молекула на шеќер, а потоа се ослободуваат од телото со мокрење. Притоа добрите бактерии остануваат недопрени. Saccaromycesboulardii пак има леплива надворешна обвивка на која се прикачуваат E. Coli бактериите и на тој начин помага да се отстрани од телото. Со неутрализирање на E. coli во цревата, ја намалува популацијата на таа бактерија во телото и го спречува нејзиното ширење во уринарниот тракт. Оваа комбинација е ефикасна како во третманот така  и во спречувањето на повторливи уринарни инфекции доколку се користи како превентива во рок од неколку месеци.

Мр.Фарм Славјанка Спироска 

ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan