ЗОШТО ЗАМИНУВА - шефицата на кабинет на министерката Ангеловска си поднесе оставка
Објавено во: Финансии 17 Февруари, 2020
Во петокот шефот на кабинет на актуелната министерка за финансии, Нина Ангеловска, си поднела оставка.
Олимпија Христова Заевска, која ја вршеше функцијата шеф на кабинетот на министерката Ангеловска, си поднела неотповиклива оставка од својата функција.
Оваа информација за Фактор ја потврдија и од Министерството за финансии.
Таа веќе и се збогувала со колегите, а фотографијата била објавена и на нејзиниот инстаграм профил.
„Колку добра и вредна дружина. Ќе ми недостигате“, напишала Заевска на својот инстаграм профил.
Засега нема информации кои се причините што Заевска решила да ја напушти оваа позиција.
Претходно и друга дама од Кабинетот на министерката Ангеловска си замина од своето работно место, односно по еден месец работа таму, си отиде Анја Марија Макеска.