Зошто ЗК „Пелагонија“ ја продава централата која е златна кокошка?
Објавено во: Економија 16 Август, 2019
По почетна цена од 6,7 милиони евра , Битолската агрокомпанија ЗК „Пелагонија“ ја нуди на продажба својата компанија за производство на електрична енергија со седиште во Логоварди.
Ова станува јасно од понудата која е ставена на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.
Таа централа има капацитет за производство на 3 мегавати струја од биогас а до до 2030 година има загарантирана цена од 180 евра за секој продаден мегаватчас струја.