ИЗОЛАЦИЈА: За државјаните кои се враќаат од земјите со највисок ризик ќе изнесува 21 ден
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Април, 2020
Мерката строга изолација за македонските државјаните кои се враќаат од земјите со највисок ризик ќе изнесува 21 ден.
Владата денеска одлучи дека треба да се продолжи.
Донесена е Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија вратени од странство со хуманитарни летови, според која оваа Одлука важи и за државјани на Република Северна Македонија, вратени од странство и со конвои по копнен пат.