УШТЕ ЕДНО СПОЈУВАЊЕ НА БАНКИ ВО СРБИЈА - третото по ред преземање
Објавено во: Финансии 31 Март, 2025 12:52
АИК Банка успешно го заврши процесот на спојување на Еуробанк Директ и од денеска, споената банка работи под новото име АИК Банка. Со вкупна актива од 6,4 милијарди евра и кредитно портфолио од 3,7 милијарди евра, АИК банка е трета по големина банка во Србија.
Оваа банка претходно стана сопственик на Еуробанк Директ Банка во ноември 2023 година, а претходно АИК банка ги презеде Алфа банка (2017) и Сбербанк (2022), со што јасно ја покажа својата амбиција за раст и развој, пишуваат медиумите од соседството.
Банката брои над 2.000 вработени, мрежа од 150 филијали и 550 банкомати во 54 градови низ Србија, се додава во соопштението.
„Денес, српскиот банкарски пазар добива силна и динамична финансиска институција - АИК Банка. Со комбинирање на нашите искуства, експертиза и подготвеност за иновации, создаваме банка која не само што е поголема, туку и подобра“, изјави Петар Јовановиќ, претседател на Извршниот одбор на АИК банка.
АИК банка е членка на регионалната групација АИК, која вклучува и: АИК лизинг и МВ инвестиција во Србија, Горење банка и ГБ лизинг во Словенија, а која е во процес на купување на мнозински удел во Хипотекарна банка во Црна Гора.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





