ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Експериментот стартува во европски град

Објавено во: Економија 02 Април, 2024
Копенхаген почна експеримент, воведе четиридневна работна недела.
Eкспериментот ќе трае до крајот на годината. Во експериментот учествуваат вработени во 14 компании, а по пробниот период би можело трајно да се воведе четиридневната работна недела, јавува данскиот јавен сервис ДР.
Јонас Амитсбол, менаџер во една од компаниите очекува променетото работно време да има позитивен ефект.
„Вработените ќе добијат неколку последователни слободни денови, што значи и дека во слободно време ќе можат да ги наполнат батериите за да бидат свежи и подготвени за новата работна недела“, рече тој.
Повеќе земји во светот веќе го правеле експериментот за да помогнат работниците да имаат баланс меѓу личниот и професионалниот живот. Целта е да се види дали работниците ќе бидат поефективни.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ДЕКА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН: Се зголеми вредноста на еврото

Средба Божиновска - ЗЕЛС: Струјата не смее да биде луксуз, jавните институции нема да останат сами во борбата со високите сметки

„НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОКОТ ЗА СТРУЈА И ФИКСИРАЊЕ НА МАРЖИТЕ“: Филипче предлага сет мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните

ИМ ПРЕСУДИЈА НАФТАТА И ГАСОТ: Како една европска земја потона во рецесија

Работна средба Узунчев –Рокас: ЕУ е стратешки партнер на АД ЕСМ во новиот инвестициски циклус
Божиновска со претставници на германската КfW банка: Поддршка за рентабилноста на ЕСМ и инвестиции во обновливи извори

„МАРКЕТЏИИТЕ“ СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ, БАРААТ ИТНА СРЕДБА СО ВЛАДАТА: „Одлуката за ограничување на маржите ќе го доведе во прашање опстанокот на 86 фирми, со 790 продавници и 4.700 вработени

НЕЛОГИЧНО Е ДА ИМА СТАПКА НА ИНФЛАЦИЈА ОД 3 ОТСТО, А ДА ИМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ И ДО 30 ПОСТО: Битиќи вели граѓаните живеат се потешко
