26 Јули, 2024
0.0347

НОВИНАРСКАТА ФЕЛА ДЕНЕС СЕ ПРОСТИ ОД ДВАЈЦА НОВИНАРИ: Јанески со емотивна порака за Ѕалев и Ѓошевска

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Денеска, на градските гробишта Бутел во Скопје, за последен пат се поздравивме со двајца наши колеги - Анета Ѓошевска (1978) од редакцијата на „Вечер“ и Петар Ѕалев (1959) од редакцијата на МТВ, напиша новинарот Огнен Јанески ма Фејсбук, кој во својата новинарска кариера имал прилика да работи со Ѕалев и Ѓошевска.
И двајцата, иако периодично, имале влијание врз моето битисување во новинарството, и за тоа сум им неизмерно благодарен, и со длабока тага денеска ги испратив во вечноста.

Ѕалев беше дел од екипата што нѐ учеше како да бидеме спикери, како да бидеме телевизиски лица и како да завлегуваме со новинарски став и таму каде што другите сметаа дека тоа не е потребно, бидејќи сме биле само убави лица кои добро читаат. Неговата стаменост беше белег од којшто само требаше да се учи. Неговиот придонес е огромен за развојот на МТВ и сум среќен што сум имал можност да учам од него во периодот кога првпат се вработив на национален медиум, а особено МРТВ. Тажно е што во моментите кога требаше да ја ужива заслужената пензија, ненадејно нѐ напушти. Светол ти пат, Ѕалев! 

Ани, пак... тоа е неописив карактер, којшто единствено само човек што имал чест да се дружи со неа знае за што зборувам. Од неа понесов многу знаење во периодот кога следев и естрада, забава и култура. Но, тоа што најмногу понесов беше нејзината главна карактеристика - шегата и насмевката и тогаш кога се чувствуваш најстресен и се прашуваш што побогу бараш во оваа професија. Ани, едноставно знаеше на секое едно седнување, на секоја една средба или дружба, со неверојатно леснотија да те одведе во друга димензија, но, и да ти „плесне“ в лице што има за тебе, во моментите кога сметаше дека си забегал. Ани беше човечиште. Вечна ти насмевка, Ани! 

Остануваат спомените. Тие ќе нѐ водат натаму, за да можеме да се сеќаваме на постоењето на тие кои си заминале од овој свет. Оти така ќе продолжат да живеат“, напиша тој на Фејсбук.



Можеби ќе ве интересира

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

КАКОВ АВГУСТ ЌЕ ИМАМЕ? Се најавува уште поголем топлотен бран од Африка

КАКОВ АВГУСТ ЌЕ ИМАМЕ? Се најавува уште поголем топлотен бран од Африка

Со модерни планови до одржлив развој на општините

Со модерни планови до одржлив развој на општините

Мицкоски: Од информациите кои ги имам, има индиции на злоупотреби во Академијата за судии, ова е доказ дека во државата има заробено обвинителство и судство

Мицкоски: Од информациите кои ги имам, има индиции на злоупотреби во Академијата за судии, ова е доказ дека во државата има заробено обвинителство и судство

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: ќе им се суди заедно со првоосомничениот Палчо

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: ќе им се суди заедно со првоосомничениот Палчо

„НЕ ЗНАМ ШТО МE ОПСЕДНА“: Уби девет млади луѓе, рани 12, а вака се обиде да се одбрани Урош Блажиќ

„НЕ ЗНАМ ШТО МE ОПСЕДНА“: Уби девет млади луѓе, рани 12, а вака се обиде да се одбрани Урош Блажиќ

КОРОНА ВИРУСОТ ПОВТОРНО АКТУЕЛЕН ВО ГРЦИЈА, ДОМИНИРА FLiRT: Македонските туристи не пријавиле никакви здравствени проблеми

КОРОНА ВИРУСОТ ПОВТОРНО АКТУЕЛЕН ВО ГРЦИЈА, ДОМИНИРА FLiRT: Македонските туристи не пријавиле никакви здравствени проблеми

„Се сеќаваме на притисоците врз претседателката на Врховниот суд оти одби да го помилува Груевски“: Вреди со реакција на извештајот на Европската комисија

„Се сеќаваме на притисоците врз претседателката на Врховниот суд оти одби да го помилува Груевски“: Вреди со реакција на извештајот на Европската комисија