„СЕ ШТО ИМАВ ИНВЕСТИРАВ. ПРВО НАПРАВИВ ХАЛА ПА ПОТОА ПРИСТОЕН ДОМ ЗА СЕМЕЈСТВОТО“: Илијев во најновиот поткаст на Фактор „Бизнис муабети“
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2024
Бизнисменот и поранешен градоначалник на Кочани, Николчо Илијев отворено со колегата Мишко Иванов зборува за успехот на неговите компании, особено на онаа по која и е препознатлив, за неговата животна определба прво да се фокусира на изградба на бизнисот, а потоа на проширување на домот, но и за исполнувањето на обврските кон вработените.
Во најновото издание на поткастот на Фактор, „Бизнис муабети“, Иванов во детали на повеќе теми со Илијев. На прашањето на колегата Иванов, за обртот на компанијата, Илијев во детали раскажува за успехот на ИНТ.
Почнувате со пет илјади марки за четири години стигнувате до најголемите, 200 најголеми компании во државава, колку е денес обртот на пари во компанијата, прашува Иванов.
- Зборуваме за ИНТ, компанијата која е наменета за извоз, нема да ги вклучиме другите компании каде сме подружници. Зборуваме само за ИНТ која е во областа на текстилот, и која 100 отсто работи за извоз. Во последните 15 години обртот на ИНТ на годишно ниво се движи меѓу 10 и 15 милиони евра на годишно ниво.
Добивката е релативна, знаела да биде и висока, но и релативно ниска. Но, ние постоиме 20 години, и со паметно инвестирање, ни овозможија која да работиме без грижи и во тешки периоди како што беше Ковид периодот. Ние сме единствена компанија која нема користено никаква помош во време на кризата – истакнува нашиот соговорник.
Мишко не би бил Мишко ако нема и провокативни прашања. Па искрено прашува „дали сте од оние работодавци кои даваат плата на секој први во месецот“.
- Да, уствари не на секој први, туку на крајот на месецот, тоа може да се деси и на 26 во месецот. Меѓутоа никогаш во мојот живот, во моето постоење до денеска, 26 години не било на втори. Втори не постои во нашата компанија - истакнува тој.
Илијев појасни дека неговата компанија започнала со само четворица вработени, за да достигне бројка од високи 120 лица, но дополни дека денеска неговата компанија брои стабилни 90-тина вработени.
Но, разговорот не би бил интересен, ако не се продискутираат и темите кои ни причинуваат задоволство. Па Мишто прашува „што ви прави задоволство, да отидете во кафеана, да купите убав автомобил..
- Се е тоа нормално, и човек добро е да има желби, но не многу, оти тоа може да биде опасност. И јас сакам автомобили, но тука застанува мојата желба, ако можам да си го купам, ќе го купам, но ако не можам тука застанувам. Прва цел ми е развој на бизнисот.
Ако ви кажам дека со моето семејство живеев во стан од 68 квадрати, а инвестирав во бизнис. Се што имав инвестирав во бизнис. Значи прво направив хала, после тоа пристоен дом за живеење за моето семејство.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.