26 Јули, 2024
0.0359

КОЈА КОМПАНИЈА ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ПРОДАДЕ ОБЛЕКА ВО СТРАНСТВО ЗА ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - значајно намален минусот за првите шест месеци

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Дали „Мода“ од Свети Николе излегува од кризата и застанува на здрави нозе, откако минатата година ја заврши со загуба од над 300 илјади евра.

Компанијата го објави Билансот на успех за првото полугодие од годинава, а тој говори дека иако и во првите шест месеци од годинава постоел минус, околу 18 илјади евра, односно негативен финансиски резултат, тој бил многу понизок од оној од истиот период од минатата година.

Она што е позитивно, и што го објави и самата компанија во образложението на својот финансиски извештај, е дека во периодот од јануари заклучно со јуни, АД „Мода“ од Свети Николе оствари производни и финансиски резултати кои се подобри од истиот период во минатата година.

А, она што е уште побитно, е дека компанијата за шест месеци остварила извоз од 340.139 конфекциски единици, во вкупна вредност од речиси два милиони евра, или 1.892.533 евра. Познато е дека компанијата главно се занимава со производство на машки кошули, женски блузи, но и заштитна облека, кои ги продава на странски пазар, односно во западноевропска држава.

Ако се погледне Билансот на успех, може да се види дека вкупните приходи на компанијата изнесуваат за шест месеци 2,13 милиони евра, што е раст за 9 отсто во однос на истиот период лани.  

Од нив, дури 2,03 милиони евра се остварени како приходи од продажба на странски пазар, и тука растот е многу солиден, за дури 14 отсто.

Додека, пак, само 130 илјади евра се приходи остварени од продажбата на домашниот пазар, што значи дека дома се продава само „ситно“, и таа продажба е дури и намалена за 10 отсто во однос на првите шест месеци од минатата година.

Како што нагласуваат од компанијата, за разлика од минатата година остварено е редовно снабдување со работа, иако со намален број на работници.

„Остварената продуктивност, изразена преку остварен девизен прилив на 1 работен час,  изнесува 8 евра за час и е подобра  за 46 отсто во однос на минатогодишната. Зголемената продуктивност е резултат на вложувањата во автоматски машини за производство, подоброто снабдување со работа и зголемените цени. Просечната извозна цена изнесува 5,27 евра и е за 34 отсто подобра од минатогодишната“, нагласил директорот Ангел Димитров во своето образложение.

Но, вкупните расходи се поголеми од приходите, иако кај нив има пораст од само 2 проценти. Со тоа вкупните расходи достигнале 2,2 милиони евра.

„Остварените расходи од работењето се за 2 отсто повисоки од минатогодишните. Најголем раст има кај трошоците за плати кои се поголеми за 25 отсто од истиот период минатата година“, велат од компанијата.

Истовремено, како што нагласуваат, се исплатени јубилејни награди на вработените во вкупен износ од 4.200.000 денари, односно над 68 илјади евра за таа цел.

Односно, Билансот на успех покажува дека за вработените се исплатени дури 1,71 милиони евра, што е всушност најголемиот трошок на компанијата, иако, како што велат самите, бил намален бројот на вработени.

Или всушност, загубата од работењето во првото полугодие е само 18 илјади евра, која е многу, многу пониска од минусот во истиот период лани, кога тој бил на ниво од дури 189 илјади евра.

Од „Мода“ уште известуваат дека во првото полугодие исплатите дивиденда од акумулирани добивки од минатите години во износ од 9.233,930 денари.

Вкупните инвестиции во опрема изнесуваат минимални 9.593 евра, информира компанијата.

МОДА нема никакви кредитни задолженија.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

КАКОВ АВГУСТ ЌЕ ИМАМЕ? Се најавува уште поголем топлотен бран од Африка

КАКОВ АВГУСТ ЌЕ ИМАМЕ? Се најавува уште поголем топлотен бран од Африка

Со модерни планови до одржлив развој на општините

Со модерни планови до одржлив развој на општините

Мицкоски: Од информациите кои ги имам, има индиции на злоупотреби во Академијата за судии, ова е доказ дека во државата има заробено обвинителство и судство

Мицкоски: Од информациите кои ги имам, има индиции на злоупотреби во Академијата за судии, ова е доказ дека во државата има заробено обвинителство и судство

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: ќе им се суди заедно со првоосомничениот Палчо

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: ќе им се суди заедно со првоосомничениот Палчо

КОРОНА ВИРУСОТ ПОВТОРНО АКТУЕЛЕН ВО ГРЦИЈА, ДОМИНИРА FLiRT: Македонските туристи не пријавиле никакви здравствени проблеми

КОРОНА ВИРУСОТ ПОВТОРНО АКТУЕЛЕН ВО ГРЦИЈА, ДОМИНИРА FLiRT: Македонските туристи не пријавиле никакви здравствени проблеми

„НЕ ЗНАМ ШТО МE ОПСЕДНА“: Уби девет млади луѓе, рани 12, а вака се обиде да се одбрани Урош Блажиќ

„НЕ ЗНАМ ШТО МE ОПСЕДНА“: Уби девет млади луѓе, рани 12, а вака се обиде да се одбрани Урош Блажиќ

„Се сеќаваме на притисоците врз претседателката на Врховниот суд оти одби да го помилува Груевски“: Вреди со реакција на извештајот на Европската комисија

„Се сеќаваме на притисоците врз претседателката на Врховниот суд оти одби да го помилува Груевски“: Вреди со реакција на извештајот на Европската комисија