Korpa.mk - Нова платформа за достава на храна и намирници во Скопје!
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2022
Замислете, нарачајте и Корпа ќе Ви достави на врата!
Ова е мотото на регионалната компанија за достава на храна и намирници која од 15-ти јануари започна со работа во Скопје. Клиентите на брз и едноставен начин можат да нарачаат кој било производ од понудата за помалку од една минута, од удобноста на својот дом, работа или кое било друго место.
Нарачки се прават секој ден од 09 до 23 часот преку бесплатната мобилна апликација која клиентите може да ја преземат од Google Play Store и App Store или преку веб-страницата www.korpa.mk а испораката пристигнува на нивната врата, брзо и лесно.
Корпа ги менува правилата на игра
Sвонењето директно во ресторан, зафатена линија како и сите последователни објаснувања каде точно се наоѓате, веќе е минато. Сега сè можете да направите многу полесно и поедноставно.
Она што ја издвојува Корпа од другите услуги е тоа што корисниците во реално време се во тек со статусот на нарачката - од самиот момент на нарачка, па се до пристигнување на посакуваната адреса. Секој доставувач кој е задолжен за Вашата нарачка, може да го следите преку интерактивна мапа, а доколку е потребно и да го контактирате во текот на доставата.
Бесплатна достава и други погодности
Едноставниот начин за управување со Корпа апликацијата и брзата достава до врата наиде на одлична реакција од првите корисници.
Без лимит на минимален износ на нарачка и со достава во радиус од 15 километри, излегувањето по намирници, омилениот пијалок или оброк може да стане минато. И што е најважно, цените по кои можете да ги нарачате производите се исти како во рестораните и специјализираните продавници!
Покрај тоа, до крајот на февруари 2022 година, сите корисници во Скопје можат да уживаат во придобивката од бесплатна достава за сите нарачки.
Корпа е многу повеќе од достава на
храна!
Бројни реномирани ресторани и специјализирани продавници од самиот почеток ја препознаа вредноста на проектот Корпа, така што клиентите имаат голем избор на најразлични јадења и производи.
Можете да уживате во најпознатите традиционални македонски специјалитети, скара, пица, паста, бургери, интернационална кујна, веганска храна, десерти или да нарачате намирници од месарници, рибарници, пиљари и останати специјализирани продавници.
Исто така, нема потреба да се грижите за подароците за роденден во последен момент, бидејќи специјализираните продавници за чоколади и десерти, цвеќарници, продавници за вино и пијалоци се дел од нивната понуда.
“Она што особено можеме да го истакнеме е фактот дека Корпа, на наше задоволство и на задоволство на нашите клиенти, веќе покажа одлични резултати во Скопје, со видливо секојдневно зголемување на обемот на работа.
Во моментов работиме со над 60 партнери, а планираме да ја прошириме понудата за да ги задоволиме интересите на нашите клиенти.
Со нетрпение ги очекуваме можностите и предизвиците што ни ги носи македонскиот пазар и сигурни сме дека корисниците во Скопје ќе го препознаат квалитетот на апликацијата Корпа заедно со севкупните услуги што ги нудиме и по пример на искуствата од регионот, Корпа ќе создаде нови навики за онлајн нарачки” – ни изјавија од Корпа.
Готовина или картичка, изборот е Ваш
Сите намирници и производи може да се платат со која било кредитна или дебитна, VISA или MasterCard картичка, а за побрзо и полесно плаќање во иднина Вашиот паметен телефон може безбедно да ја зачува картичката. Со таквиот начин на плаќање имате можност за целосна бесконтактна достава од страна на Вашиот доставувач. Доколку сепак преферирате готовина, постои можност за плаќање директно на доставувачот на Вашата врата.
Следете ја Корпа на социјалните мрежи и бидете во тек со тематски акции, попусти и останати понуди и промоции.
Korpa.mk: “Доставуваме до Вашата врата!”ПР објава
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.