Колку се заработува од управување со задолжителен пензиски фонд во Македонија? Едно од друштвата ќе подели 2 милиони евра дивиденда!

Објавено во: Економија 14 Април, 2025 07:55
Сава пензиско друштво лани наплати над 6 милиони евра за управување со парите на своите над 247.000 членови од кои огромно мнозинство се идни пензионери. Заработката на ова друштво лани е 2,7 милиони евра, а од нив 2 милиони евра ќе заминат како дивиденда во Словенија кај сопственикот „Позаваровалница Сава“
Сава пензиско друштво лани наплатило 6,12 милиони евра за своите услуги кои се поврзани со управување со парите на идните пензионери во задолжителниот и во доброволниот пензиски фонд, покажуваат оофицијалните податоци од финансиските извештаи на нивната ревизија објавени на веб страницата на Македонската берза.
Сава пензиско друштво управување со 1,15 милијарди евра средства на повеќе од 247.000 членови на двата фонда (задолжителниот и приватниот) заклучно со крајот на 2024 година.
Официјалните податоци покажуваат дека поголем дел од тие 6,12 милиони евра се приходи кои „Сава пензиско друштво“ ги наплатила од надомест од управување со средтвата. За оваа услуга на своите над 247.000 членови „Сава пензиско друштво“ наплатило 4,1 милиони евра. Врз основа на законски пропишаниот надомест од придонеси „Сава пензиско друштво“ наплатило 2,02 милиони евра во текот на 29024 година.
Анализата на трошоците покажува дека друштвото има две групи на трошоци.
Првата е за расходи од управување со фондовите. За овие трошоци лани друштвото платило вкупно 1,73 милиони евра. А најголем трошок тука е трошокот кон МАПАС (Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување) која од Сава пензиско друштво наплатила 780.000 евра. Тука се уште и трошоците за државниот пензиски фонд, за агентите за продажба, расходите за банката чувар на имот и некои други помали трошоци.
Втората група се расходите од управување со друштвото односно оперативните трошоци за негово работење. Тука најголема ставка се платите на 46 вработени за кои друштвото лани издвоило 1,32 милиони евра. Просечната месечна нето плата по вработен во „Сава пензиско друштво“ лани изнесувала над 80.000 денари.
Билансот на успех покажува дека „Сава пензиско друштво“ лани имал и нето финансиски приходи во вредност поголема од 590.000 евра.
На крај на годината неговата нето добивка изнесува 2,7 милиони евра. Од тоа како дивиденда кај единствениот сопственик односно акционер ќе завршат 2 милиони евра. Словенечката осигурителна групација „Позаваровалница Сава“ е единствен и целосен сопственик на „Сава пензиско друштво“ кое во Македонија работи од 2005 година и управува со два пензиски фонда со вкупна нето вредност која на крај на 2024 година достигна 1,15 милијарди евра.
Повеќе детали за бројот на членови во приватните пензиски фоднови и за работењето на „Сава пензиско друштво“ на следните линкови
https://mapas.mk/wp-content/uploads/2025/03/godishen-statistichki-izvestaj-2024_web_f.pdf
https://mse.mk/mk/announcement/11/4/2025/%D0%A1%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D0%BF%D0%B5%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%B4%D1%80%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D0%90%D0%94-%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5/Audited-financial-statementsМожеби ќе ве интересира
Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика

Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија

„ПОВИСОКИ ПЛАТИ НЕ СЕ 500 ЕВРА ПЛАТА, ТУКУ 500 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА“: Пешевски вели, да се подобрат условите за работа во приватниот сектор
