19 Декември, 2025
0.0574

АНБ СО ОГЛАС БАРА ОСУМ КАДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - ова е прв пат од основањето, еве ги деталите

Објавено во: Македонија 14 Април, 2025 11:06

Добивај вести на Viber

Агенцијата за национална безбедност преку оглас бара нови кандидати кои ќе ја гарантираат безбедноста на државата. 

Како што истакнуваат од оваа институција, за прв пат од основањето објавуаат оглас. 

- Агенцијата за национална безбедност за првпат од своето основање објави јавен оглас за вработување, отворајќи ја вратата за сите компетентни и мотивирани граѓани кои сакаат да бидат дел од институција со клучно значење за безбедноста и стабилноста на државата.

Ова претставува историски чекор во насока на транспарентноста и инклузивноста, кој ја потврдува определбата на Агенцијата да ги следи највисоките стандарди во процесите на човечки ресурси и да им даде можност на сите граѓани што ги исполнуваат критериумите да станат дел од професионален тим посветен на заштита на националните интереси - се нагалсува во соопштението од АНБ до медиумите. 

Јавниот оглас се однесува на засновање на работен однос на неопределено време за вкупно осум извршители. 

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени за конкретните работни места, при што се очекува висок степен на стручност, одговорност и интегритет.

Образецот за аплицирање е достапен на официјалната веб-страница на Агенцијата за национална безбедност - www.anb.gov.mk во делот „Транспарентност“.

Од институцијата додаваат дека „со оваа иницијатива, Агенцијата испраќа јасна порака дека отвора ново поглавје во начинот на функционирање, градејќи институционална култура која ги препознава вредностите на компетентноста, еднаквите можности и професионалната етика“. 

- Ова е повик до сите квалификувани граѓани да се пријават и да станат дел од тимот што ја штити безбедноста на нашето општество.

Дополнително, оваа отвореност кон јавноста претставува значаен чекор кон зајакнување на довербата меѓу институциите и граѓаните. Со воспоставување на транспарентни практики во процесот на вработување, Агенцијата за национална безбедност се позиционира како современа, професионална и одговорна институција, подготвена да се соочи со безбедносните предизвици на денешницата со капацитети и кадар кој ги отсликува вредностите и потенцијалот на нашето општество - се нагласува во соопштението на АНБ. 

Директор на АНБ е Бојан Христовски, кој на оваа позиција дојде во октомври минатата година, и за кого се крена голема „фама“ во јавноста околу неговото искуство, исполнувањето на критериумите за поставување на таа позиција, меѓу кои неговиот сертификат за англиски јазик за кој имаше бројни пишувања дека е добиен од непостоечка фирма во соседна Бугарија, но и околу неговото високо образование. 

Фото: Принтскрин/Агенција за национална безбедност

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината