17 Април, 2025
0.0814

Кремљ се враќа преку вештачките ѓубрива. Како Орбан и помага на Москва да ја врати контролата врз стратешката компанија во Полска

Објавено во: Колумни 10 Април, 2025 19:24

Добивај вести на Viber

Во ера на строги санкции насочени кон изолирање на рускиот капитал во Европа, се чини невозможно е олигарх близок до Кремљ да ја врати контролата врз стратешкото претпријатие во земја-членка на НАТО и ЕУ. Но, токму ова е сценариото што се одвива денес околу полската хемиска компанија Grupa Azoti, клучен играч во земјоделската безбедност на Европската унија. И во центарот на ова сценарио е унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој, непочитувајќи ги колективните интереси на Европа, ја турка назад вратата за враќање на руското влијание во ЕУ преку „инфилтрација на ѓубриво“.

Grupa Azoti е втор најголем производител на ѓубрива во ЕУ и најголем во Полска. Ова претпријатие не само што ја формира земјоделската основа на земјата, туку обезбедува и хемиска стабилност на целиот регион. Токму затоа неговата делумна апсорпција од страна на рускиот капитал пред војната беше една од најпотценетите погрешни проценки на западната економска безбедност. До 2022 година рускиот бизнисмен Вјачеслав Кантор, преку компанијата „Акрон“, поседувал речиси 20% од акциите на Grupa Azoti. Кантор е познат не само како производител на ѓубрива, туку и како олигарх со блиски врски со Кремљ – лично со Путин - и бенефицијар на надворешната економска експанзија на Русија. Во 2022 година Полска воведе санкции против него, ги замрзна неговите активи и ги стави под надворешно управување, со што испрати силен сигнал до целата ЕУ: критичната инфраструктура треба да се исчисти од непријателскиот капитал.

Меѓутоа, во 2023 година, во замена за поддршка на одлуките во рамките на ЕУ, Будимпешта побара укинување на санкциите против неколку руски олигарси, вклучувајќи го и Кантор. Според внатрешните документи на ЕУ, Унгарија беше таа што го блокираше пакетот санкции додека Брисел не се согласи на компромис: ограничувањата за Кантор беа укинати. Ова политичко пазарење беше случај без преседан кога една земја-членка на ЕУ, злоупотребувајќи го принципот на консензус, обезбеди олабавување на режимот на санкции во интерес на граѓанин на држава-агресор.

Орбан ги објаснува своите постапки со „заштита на националниот бизнис“, „прагматизам“ и „исцрпување на ефективноста на санкциите“. Но, фактите велат поинаку: Кантор не е апстрактен руски капитал, туку конкретен механизамза руското влијание. Според отворените извори, Кантор не само што учествувал во финансиските структури лојални на Кремљ, но и директно содејствувал со руската политичка елита. Велика Британија и ЕУ воведоа санкции против него не поради неговата професија, туку поради неговата политичка блискост со Путин и неговата улога во продвижувањето на стратешките руски интереси во странство.

Преку контрола врз ѓубривата Русија може да влијае врз пазарите на храна, да ги менува цените на хемиските суровини, да манипулира со пазарите за снабдување и да создава зависност. Ова е токмутаа „мека“ стратешка инвазија што ја видовме во енергетскиот сектор, кога контролата на Гаспром врз протокот на гас стана политичка алатка. Сега е редот на хемијата.


Додека Полска го штити својот стратешки актив, Будимпешта го уништува европското единство со својата политика за санкции. Тоасоздава опасен преседан: ако една земја на ЕУ може да ги укине санкциите за олигарх близок до Кремљ во замена за гласање по други прашања, ниедна санкциска политика не е стабилна.

Судот на ЕУ веќе го отфрли обидот на Кантор за укинување на санкциите. Но, судот е правен инструмент. А политичкото тргување што го води Орбан е многу поопасно. Ова не е борба за обновување на правдата. Ова е директно олабавување на системот за спречување, изграден по 24 февруари 2022 година, кога ЕУ конечно почна да сфаќа дека и економијата е фронт.

На Русија денес не и требаат тенкови за да се пробие длабоко во Европа. Потребни ѝ се лојални сојузници во западната алијанса. И се чини дека Орбан се согласил да ја игра оваа улога - молкум, преку лобирање, вето и зделки зад затворени врати. Ако денес тој ги промовира интересите на Кантор, утре тоа ќе биде контрола врз енергетиката, одбранбените технологии и логистичките центри.

Grupa Azoti не е само кејс. Таа е индикатор. Ако Кантор успее да ја врати контролата врз оваа компанија, ќе бидеме сведоци на првиот успешен пробив на рускиот капитал во срцето на економијата на ЕУ по 2022 година - и тоа ќе се случи не благодарение на Москва, туку благодарение на Будимпешта.

Токму поради тоа денес треба го да поставиме прашање не само за враќањето на Кантор на листата со санкции. Мора да бараме - цврсто и јавно - крај на деструктивната политика на Орбан, која фактички работи за непријателот. Затоа што ако ѓубрива на Кантор повторно ќе се најдат во почвата на европската економија, родот ќе биде горчлив.

JR

(Редакцијата на „Фактор“ однапред укажува дека не ги застапува ставовите на Лесја Украинка во горенаведената колумна)

Можеби ќе ве интересира

Образованието почна да зборува со јазикот на бизнисот, одливот на мозоци мора да престане, а извозот да загосподари

Образованието почна да зборува со јазикот на бизнисот, одливот на мозоци мора да престане, а извозот да загосподари

Трамп брза, Путин одолговлекува, Европа исчекува, Украина очекува...

Трамп брза, Путин одолговлекува, Европа исчекува, Украина очекува...

ТУРИЗМОТ КАКО ПРОЗОРЕЦ КОН СВЕТОТ - колумна на Влатко Сулев

ТУРИЗМОТ КАКО ПРОЗОРЕЦ КОН СВЕТОТ - колумна на Влатко Сулев