Државата продала конфискувана хациенда на Водно, а потоа на истата сопственик станала Амбасадата на САД?
Објавено во: Македонија 15 Април, 2025 07:50
Агенцијата за управување со одземен имот пред една година ја продала конфискуваната вила со атрактивно земјиште на Водно што некогаш му припаѓаше на црногорскиот бизнисмен Миодраг Марковиќ за нешто повеќе од милион евра и тоа е главниот остварен приход кој потоа бил префрлен во државниот буџет во текот на минатата година.
На прашање упатено од „Фактор“, од таму ни одговорија дека хациендата е продадена во износ од 62,7 милиони денари на физичко лице. Сепак, во регистарот на катастарски парцели може да се види дека овој претходно запленет недвижен имот, по една година, сега е во сопственост на Амбасадата на САД. Останува непознато дали купувачот потоа по некое време ја препродал хациендата.
- Станува збор за недвижен имот куќа на ул.Питу Гули бр.13 Скопје истата
е продадена во износ од 62.700.000 денари, на аукцијата учествувале 3
(три) учесници, а најголемата понуда е дадена од физичко лице од
Скопје, кое лице е и купувач на конфискуваниот имот кој што беше предмет
на продажба, ни рекоа од агенцијата.
Државата пред 12 и пол години одлучи конфискуваниот имот на поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, и на неговиот соработник Миодраг Марковиќ да го стави на продажба врз основа на правосилна судска одлука од 2007 и 2008 година поради тоа што го оштетиле Буџетот за 103 милиони денари, односно 544 милиони денари.
Вилата на улицата „Питу Гули“ бр.13 во скопската населба Водно, со површина од 1.800 метри квадратни, и тоа двор 1.526 метри квадратни со базен, зграда 251 метар квадратен и помошна зграда од 23 метри квадратни тогаш беше понудена со почетната цена на наддавањето определена на 82.614.641 денари, но не се најде купувач.
Во 2021 имаше обид за уште една продажба, но тогаш Управата за продажба на конфискуван имот, предводена од тогашниот директор Фатон Асани, направи пропуст и ја понуди само вилата за 132.000 евра, без земјиштето кое вреди многу повеќе. Веднаш потоа огласот беше повлечен, а адвокатот на Марковиќ пред медиумите рече дека за овој имот и натаму се водат нерасчистени судски постапки.
Купувач конечно е најден во текот на првата половина од минатата година, а Агенцијата во објавениот извештај вели дека во овој период е реализирана само оваа продажба на недвижен имоткако единствен што вреди за истакнување и дека средствата се уплатени во Буџет на РСМ.
- Од продажба на конфискуван имот и одземени предмети наплатени се вкупно
66.403.427 денари. По разни основи во Буџетот од страна на Агенцијата во текот на 2024 се префрлени вкупно 104.500.000 денари, ни одговорија од агенцијата на прашањата за тоа колкави парични средства се наплатени од продажба на конфискуван имот и колкава сума на пари е предадена во Буџетот во текот на минатата година.
Во новиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), се откриени неправилности во управувањето со одземениот имот и средствата добиени од продажба на овој имот. Според извештајот, Агенцијата за управување со одземен имот не спровела соодветни внатрешни контроли, што резултирало со недостиг од 445 милиони денари во државниот буџет. Ова е сериозно отстапување од прописите за управување со јавните финансии, што според државниот ревизор, создава потенцијални правни и финансиски ризици.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




