Нико Беќаровски: Економската директорка на Токсикологија вработува лица на кои не им е местото тука
Објавено во: Македонија 22 Април, 2024
Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија денеска јавно го кренаа гласот против самоволието на економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази.
Докторите велат дека таа не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, туку да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31.12.2023. Меѓу нив имло лица кои немаат соодветно образование за тука, рече денеска Беќаровски како раководител на Одделението за интензивна нега на Клиниката.
Иако Иљази е поставена како организациска директоркана 14 февруари,тие немаат видено документи нити за образованието, нити за познавање јазици.
Беќаровски дополни дека после секој состанок на стручните колегиуми таа не ги почитува договорите.
веќе подолго време за Иљзи се пишува во медиумите дека не го комуницира на службениот јазик и дека на работното место се задржувала само четири и пол часа.
За тие 18 лица на кои им се истечени договорите, д-р Беќаровски кажа дека иако немаат никаква обврска, доаѓаат на работа, облекуваат мантили и доаѓаат и на визита.