42,2 отсто од Карпошани би гласале за Богоев, 31,4 отсто за Јакимовски
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2017
Кандидатот на СДСМ за градоначалник во општина Карпош Стефан Богоев има предност од речиси 10 отсто наспроти актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски .
Овој резултат произлегува од анкетата на Агенција Рејтинг за потребите на Фокус.
Кампањите на двајцата кандидати досега третираат претежно различни теми. Додека Богоев е фокусиран на урбанистичкото планирање и зеленилата, Јакимовски ја темели кампањата на реализираните проекти и ветувањата на нови проекти но и финансиска поддршка за жителите на Карпош за различни работи, пренесе Фокус.
Според оваа анкета СДСМ ќе има убедливо мнозинство и на листата за советници. Резултатите покажуваат речиси двојна предност на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ, односно 38,7 отсто на 21,2 отсто.