06 Мај, 2024
0.0253

5 брендови кои го искористија разводот на Џоли и Пит во свои реклами

Кои компании успеаја да искористат од разводот на Бред и Анџелина?

Објавено во: Стил 27 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

За неколку дена веста за разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит стана најдискутирана тема во целиот свет. И додека верните фанови на двајцата популарни актери се зафатија да ја одгатнат причината за нивната разделба, некои инвентивни маркетинг професионалци успеаја да извлечат корист од тоа.

Еве кои брендови го искористија највешто крајот на Бранџелина:

1. Норвешка авиолинија (Norwegian) - „Бред е слободен“


Авиопревозникот пушти рекламна кампања, која ги кани дамите да купат поволен авионски билет од Осло до Лос Анџелес, бидејќи веќе „Бред е слободен“. 

 2. „Alitalia“ - „Момци, сите кон Лос Анџелес“


Италијанските авиолинии побрзаа да одговорат на „предизвикот“ на „Norwegian“. Тие им предложија на Италијанците исто да се упатат кон Лос Анџелес, каде што „Norwegian“ веќе ги „испратиле“ норвешките девојки. 

3. „IKEA“ - „разделбите се случуваат“


Сингапурски одел на шведскиот производител на мебел „IKEA“ излезе со реклама, на која пишува „разделбите се случуваат“, а на сликата два одделни делови на еден кауч се свртени со грб. Од компанијата велат дека модел може да биде „раздвојуван“, откако така гарантира „прилагодено решение за седење“ и е „совршен за секакви ѕвезден односи“ 

 4. „Boost Juice“ - Бесплатен сок за Бред и Анџелина


Производителот на сокови „Boost Juice“ ги додаде имињата на двете личности во својата кампања „What's your Name Game“ при што клиентите кои го носат истото специфично име (различно секој ден) добиваат бесплатно шише во продавниците. 

 5. „Viasat“ - „Господин и госпоѓа Смит“


Нордиска компанија, која управува група телевизиски канали кои се емитуваат и кај нас, направи паралела со филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Токму додека го снимаат овој филм, меѓу Бред и Анџелина пламнаа љубовни искри. 

Од Viasat одлучија да потсетат на најсреќните години на Бранџелина со носталгично рекламирање на нивната интернет страница. Врз неа е

поставен цитат на хероината Џејн Смит од филмот, која гласи: „Среќните разделби се само приказни кои сеуште не се завршени“.