08 Декември, 2025
0.0361

Афтер шокови на груевизмот, 4-ка по Рихтер!

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2017 07:06

Добивај вести на Viber

Петок. Петок наутро. Навидум обичен работен ден. Време за афтер ворк журка. Петок, најава на убава викенд дружба. Забава. Матка, Водно, Охрид, Грција. Кој каде со мислите. Тие неколкумина не. Кривичниот совет во Врховниот Суд се разбуди со друга задача. Дадена по директива. Како порано. Како секогаш кога требаше да се одработи за интересите на главниот. Како да гласаме против притворот на Кочан, на човек во бегство? Прашање за милион долари... Можда и помалку. 

Петок попладне. Колегите се надгласани. Слобода за Сеад! Беше на „службен пат“ 2 месеци и 6 дена. Кога ќе се врати може ќе донесе уште некоја инвестиција. Таман за заминувањето на Груевски, да му овозможи достојно повлекување од Власта. Мирен, но спектакуларен трансфер. 

Сабота, веста се шири со голема брзина. Адвокати, судии... кој се смее, кој плаче на кумската реплика на Јово Вангеловски. „Да не сакате и Вам да ви бидам кум“? Не, благодарам, за свадба се спремам, а не за погреб. Погреб на една политика што не можеше да ја издржи географската близина на Европа, и националниот интерес на геостратешките политики. Да не се дозволи разурнување на оваа држава. Тенк ју Америка! 

Сабота попладне. Кумот со пријателите од адвокатската комора слави слобода за Сеад. Камионите на ТВНОВА спремни го чекаат на Табановце, во пауза од прилогот за Македонија, најсилната економија во Европа. Боже! Се спремаат ли и тие за достоен погреб на една политика што лажеше, крадеше и убиваше? Ја уби мислата, ја уби слободата на оние што дозволија да бидат мембрана на силувачите. Ги уништи нив. Доста беше, ајде на рикавери! 

Недела. Земјотрес. 4,2 по Рихтер. Се подразбудивме. Ама пак си легнавме. Без 6-ка ич од дома веќе не излегуваме. Се навикнавме. Жутите, Италијаните, па ние.... Како што навикнавме и дека судските одлуки постојат за да уништат. Судбини, човечки. Затворени, малтретирани, уништени фамилии. По мерка на Фамилијата. 

Недела попладне. Вести. На Тв велат дека земјотресот бил афтер шок на оној од пред 8 месеци, кога со ноќи не спиевме. Така рекле од Сеизмолошки завод. Дури 8 месеци по ударот. Афтер шок! Не знаеш кому да веруваш. Ама на телевизија кажаа, а тоа е закон. Барем така беше порано. На телевизија кажаа и за Кочан. Дека врховните судии го ослободиле. Зошто бил во бегство?!? Тоа е тоа - Афтер шок! Со оглед дека владеењето на Груевски и Ахмети може да се спореди со една јака 7-ка по рихтер, навикнете се на Афтер шокови. 

Афтер шоковите на Груевизмот со години ќе го тресат македонското општество. Ништо чудно. Остатоците на таа политика ќе се обидуваат да ја спречуваат правдата. Црниот петок во судството беше афтер шок на таа политика. Церемонијален начин да се погребаат и последните останки на демократијата во судството. Куме, немој да се претвораш во гробар. Не ти личи на насмевката (види фото горе). Освен тоа секоја нова афтер- Грујо одлука само го пролонгира политичкиот погреб на врховната команда во Белата палата,  не го спречува. Така да, за џабе е. За греота е. 

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Македонија денес го одбележува денот на Свети Климент Охридски

Македонија денес го одбележува денот на Свети Климент Охридски

ДВЕ ЛИЦА ФАТЕНИ ГО ГОЛЕМА КОЛИЧИНА АЛАТ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА: завршија во затвор, а робата им е одземена

ДВЕ ЛИЦА ФАТЕНИ ГО ГОЛЕМА КОЛИЧИНА АЛАТ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА: завршија во затвор, а робата им е одземена

НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ДЕНОВИВЕ - температурите над просекот, еве ги деталите

НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ДЕНОВИВЕ - температурите над просекот, еве ги деталите

„Едвај завршиле гимназија, а купиле факултетска диплома“: Најчевска со нова критика и прашање до јавноста на социјалните мрежи

„Едвај завршиле гимназија, а купиле факултетска диплома“: Најчевска со нова критика и прашање до јавноста на социјалните мрежи

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето

Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“