03 Мај, 2024
0.0316

Агресивен четвртооделенец сее страв помеѓу учениците во основно училиште во скопската општина Ѓорче Петров. Родителите на протест!

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Со протест и блокада на улицата пред училиштето  “Димитар Поп-Геориев Беровски”  во населбата Ѓорче Петров родителите на децата од IV-a одделение  ќе го изразат својот револт поради индиферентниот однос на институциите кои дозволуваат еден проблематичен ученик  да сее страв и трепет низ училиштето. Велат проблемот се провлекува со години, а надлежните не превземаат никакви мерки. Ги информирале социјалните  и општинските служби, полицијата, просветниот инспекторат,  но досега ниедна институција не реагирала. Родителите велат ќе дежураат во смени но нема да го прекинат протестот се додека надлежните не постапуваат за овој случај.

“Ја известивме полицијата дека ќе излеземе на мирен протест. Нашите деца од минатата среда  не одат на настава. И минатата учебна година беше истата состојба. Реагиравме до сите институции, но оттаму креваа раменици. Го известивме и директорот на училиштето, градоначалникот но пак ништо. Ни рекоа да заврши учебната година ќе го отпишат ученикот, не го сторија тоа. Го преместија во друго одделение. Дека детето треба да се социјализира беше и одговорот на просветниот инспекторат.Но разберете, ние не сме против детето ниту неговата социјализација, туку против одговорните во институциите кои наместо да му пружат соодветна помош дозволуваат работите да излезат од контрола”- вели татко на еден ученик во одделението IV-a.

Поради непредвидливото и агресивно однесување на ученикот, родителите стравуваат за безбедноста на своите деца. Минатата година тие се договориле да чуваат стража поради агресивниот ученик, кој константно правел  инциденти, ги тепал децата, а физички ги нападнал и одделенскиот наставник, училишниот психолог и хигиеничарките.

“Ученикот ги навредувал наставничките, ги бодел со шестар децата по рацете, на друго дете му ги скршил забите. Пред неколку недели добил агресивни напади и неможеле четворица наставници да го смират се додека не дошла Брза помош. Зарем ова се малку работи за да почне да реагираат институциите. Сите се ранливи кога се работи за дете, но мора да се реагира за потоа да не се чудиме ако се случуваат посериозни работи. Последно во низата напади бил кога ученикот донел пиштол со дијаболи  и им се заканувал на учениците дека сите ќе ги испотепа. Страшно. Родителите на детето никаде ги нема, наставниците молчат, општината не мрднува со прст”- додава револтираниот родител. 

Доколку надлежните не реагираат за надминување на состојбата , повеќето од родителите планираат да ги отпишат своите деца од училиштето.Единственото усно ветување родителите го добиле од општинските власти. Оттаму им ветиле дека од 1 септември ученикот ќе биде префрлен во друго училиште, а дотогаш со него ќе работи општинскиот дефектолог. Но до денес работите останале непроменети.

“На проблематичното дете му треба соодветна грижа и нега. И ние сме родители, знаеме како е со деца да се работи. Но никој не смее да малтретира деца, па ни кога станува збор за друго дете. Сакаме кога ќе ги пуштиме во училиште да се чувствуваат безбедно како во втор дом, а не да неможеме да одиме  на работа од мисла дали и како моето дете го поминало денот. Потресени се и уплашени нашите деца и тоа се одразува на целото семејство. Се прашувам кој треба да ја превземе одговорноста и да отпочне со конкретни чекори”- потенцира родителот.

Проблемот  во основното училиште  трае скоро две години па затоа расте и  револтот кај граѓаните. Тие стравуваат дека децата се еднакво небезбедни  во училиште и на улица поради се поактуелното врсничко насилство. Секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата  според  родителите  ја загрозува нивната безбедност. Многу често тепачките од училиштата се пренесуваат и на улицата. Децата денес  велат  револтираните родители, подеднакво не се безбедни ниту во училиштата ниту на улица,  по напуштањето на домот училишниот двор. Затоа очекуваат масовна граѓанска излезност на протестот со што ќе можат да пратат порака до надлежните да се заинтересираат за случајот и да превземат превентивни наместо извршни мерки. 

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите