20 Април, 2024
0.0262

Акционери тврдат: БХЛ на „Топлификација“ и должи 22 милиони евра!

Објавено во: Економија 29 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

„Фактор“ пред претстојното собрание испрати прашања до здружението за заштита на акционери во „Топлификација“ во која ги изнесуваат своите ставови во врска со другата страна во „Топлификација“ – најголемиот поединечен акционер БХЛ

- Од листата на предлог-членови за избор на нов Надзорен одбор се гледа дека станува збор на многу искусни професионалци кои биле активно вклучени во управувањето со компанијата. Дали очекувате поддршка од вработени – акционери кои директно би гласале на акционерско собрание или би дале полномошна на претставници на здружението?

Акционери: Сите предложени членови за НО воедно се и членови на здружението кои и досега имаа доверба кај акционерите, како доказ за тоа е досегашната искажана доверба преку полномошната. Во структурата на акционерите кои даваат доверба на досегашното раководство на Топлификација АД се претежно т.н. надворешни акционери односно акционери кои со правото на сопственост се стекнале на берза како и пензионерите,  но под услов да немаат деца вработени во БЕГ како и останатите наши акционери за жал уценети мораат да ги даваат акциите на управување.

Подрашка од вработените во БЕГ кои воедно се и  акционери на Топлификација АД не очекуваме затоа што се врши притисок врз нив и се под закана по своите работни места и како такви се условени да реагираат против својата волја и интереси.

- Ве молиме за конкретен одговор: од кои причини и со која цел одлучивте да формирате здружение за заштита на правата на акционерите во „Топлификација“? Дали имате индиции дека се загрозени правата на малите акционери? Ако е така од кого се загрозени и што треба да се превземе?

Акционери: Точно е, oд таа причина и е формирано  здружение за заштита на правата на акционерите во Топлификација . Во јуни 2012 година офшор компанија, БХЛ купува 16,44%, односно 74 000 акции и истата година РКЕ им ги доделува лиценците за греење на град Скопје. Се работи за офшор фирма формирана како консултантско друштво со основачки капитал од 50 000 е каде до ден денес како сопственик  се претставува БХЛ кој на Топлификација АД и должи 22.8 милиони евра основен долг.

Со оглед на тоа што во ново формираната фирма носител на лиценците за снабдување дистрибуција и производство прејдоа поранешните вработени од Топлификација АД од кој добар дел се и акционери во Топлификација АД . На тој начин се појави и реална опасност која и и изминативе годни се покажа како точна  да нивниот сегашен работодавец  ги искористува  да заедно со своите 16.44%  плус акциите од вработените да оствари мнозинство на собрание односно изгласа нов НО  и со тоа да си отвори можност да не го врати долгот на Топлификација АД со што сите акционери би биле оштетени.

Како доказ за ова е и барањето за 3 члена за НО кои воедно се и вработени во ТЕ-ТО АД и кои и воопшто немаат акции од Топлификација АД, а со тоа малите акционери би биле оштетени . Најсигурно за акционерите е да не дозволат да бидат надгласани од страна на офшор компанијата БХЛ и  Топлификација АД  да  добие позитивна пресуда за долгогодишниот спор  за кој се чека конечна пресуда на врховен суд.

- Дали има можност, како здружение за заштита, со најголемиот поединечен акционер „Битар Холдингс“ да се договорите и заеднички да номинирате членови на надзорниот одбор? Дали е разгледувана таа можност во здружението и дали сте разговарале со „Битар холдингс лимитед“?

Акционери: Постапките на БХЛ се во правец на целосно превземање на управувањето во Топлификација АД , што се гледа и од предложените членови  каде од пет, тројца  се поврзани со ТЕ-ТО АД , односно од БХЛ.  До сега не е остварен контакт за конструктивна соработка.

- На колкава поддршка од вработените и од пензионираните акционери можете да се потпрете и дали тоа ќе биде доволно да бидете макар и рамноправни со најголемиот акционер?

Акционери: Иако нивната подршка би ни била добро дојдена, поради уцените вработените се условени да дејствуваат против својата волја и интерес  иако со тоа си го загрозуваат сопствениот капитал.  Инаку вработените сами се најдоа во ваква ситуација со тоа што дозволија да бидат уценувани иако законот е на нивна страна и строго ги санкционира ваквите постапки доколку на било кој акционер му се прави притисок.

До сега здружението се потпираше претежно на надворешните акционери и пензионерите кои немаат деца вработено во БЕГ и нема зошто да не биде така и понатаму односно до целосна разврска на ваквата ситуација.

- Ве молиме за ваше видување и објаснување за судските заплети за кои можевме да прочитаме на берзата?

Акционери: Судскиот заплет спомнат во соопштението на берза е предизвикан од личноста која направила објава за одржување на друго собрание на акционерите без да се исполнети потребните услови.. Поради тоа веќе се преземени сите расположливи правни постапки за надминување на овој проблем. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите