АКО НИВНИОТ СОЈУЗ „ПУКНЕ“ ЕВРОПА ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ: Меркел му врти грб на Макрон?
Објавено во: Свет 29 Септември, 2017
Канцеларката Ангела Меркел одби да го поддржи амбициозниот план за реформи во ЕУ кој го предложи францускиот претседател, Емануел Макрон.
Сојузот на Германија и Франција кој е главен двигател на ЕУ е пред пукање.
Макрон се залагаше за заедничка армија и буџет што ќе ја намали зависноста на Европа од НАТО и САД.
Но, овие мерки на Макрон наидоа на ладен прием во Берлин.
Меркел го поздрави говорот на Макрон за кој смета дека бил полетен и страствен, но неговите мерки ќе се разгледуваат во иднина.
Меркел ќе мора да формира Влада со либералите кои сметаат дека заедничкиот буџет е „црвена линија“ која Германија нема да ја помине.