Американка ја тужи Саудиска Арабија за 11 септември
Објавено во: Свет 01 Октомври, 2016
Американка ја тужи Саудиска Арабија за загинатиот сопруг во нападите од 11 септември 2001 година, соопшти АП.
Ова стана можно откако конгресот на САД усвои закон кој им дава право на семејствата на жртвите на терористичките акти на 11 септември 2001 година да ја судат Саудиска Арабија.
Во средата Капитол го симна ветото на законот ставено од претседателот Барак Обама. Тоа се случува за прв пат за време на претседателствувањето на Обама.
Неколку часа подоцна Стефани Рос де Симон, чиј маж беше офицер од морнарицата на САД и загина при разбивањето на еден од авионите во Пентагон, поднесе тужба против властите во Ријад.