Американски бомбардери стигнаа кај брегот на Северна Кореја
Објавено во: Свет 23 Септември, 2017
Бомбардери Б-1Б лансер со капацитет да носат нуклеарно оружје, пушти САД кај брегот на Северна Кореја.
Целта е да ја покажат „сериозноста“ на својот пристап кон „несовесното однесување на Пјонгјанг“, изјави портпаролката на Пентагон, Дејна Вајт.
„Оваа мисија е демонстрација на американската решителност и е јасна порака дека претседателот има многу воени опции за да ја победи секоја закана. Програмата за оружје на Северна Кореја претставува сериозна закана за Азиско-пацифичкиот регион и за целата меѓународна заедница. Подготвени сме да го искористиме целиот спектар на воени капацитети за да ја одбраниме американската татковина и нашите сојузници“- вели портпаролката.
Односите меѓу двете земји во последно време се тензични при што имаше и размена на закани меѓу претседателот Доналд Трамп и корејскиот лидер, Ком Џонг Ун.
Северна Кореја се закани на САД и Јапонија поради поддршка на санкциите кон неа.