БАЛКАНОТ СЕ ТРЕСЕ: Земјотреси во Грција, Албанија и Турција
Објавено во: Балкан 25 Октомври, 2016
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала регистрирале сеизмолозите во Турција, пренесува сајтот Earthquakenewstoday.
Епицентарот е на околу 20 километри од градот Јениндџе, провинција Чанаккале, Западна Турција.
Растојанието од градот Бурса е 57 километри. Длабочината на епицентарот била 8 километри.
Нема податоци за настрадани луѓе или за материјална штета.
Имуни на земјотреси во текот на изминатото деноноќие не беа ниту Грција, ниту Албанија.
Потресот во Албанија бил со јачина од 3,3 степени според Рихтер, додека во Грција се почувствувани земјотреси со јачина од 2,6 степени во текот на ноќта, 3,3 и 3,7 степени.