16 Декември, 2025
0.2467

БЕЛЕШКИ НА ФБИ: Човекот кој се преставувал како Тито не бил вистинскиот Тито

Објавено во: Балкан 10 Ноември, 2017 20:07

Добивај вести на Viber

Според белешки на ФБИ Тито исчезнал. 

Маријан Џон Маркул во ФБИ во Лос Анџелес на 20 април 1955 година, ја раскажал приказната дека човекот кој што се претставува како Јосип Броз Тито всушност не е Тито. Според него тоа е руски агент кој што го презел неговиот идентитет, откако вистинскиот Јосип Броз исчезнал во Русија во 1937 година.

Тајните белешки на ФБИ од педесетите од неодамна се достапни за јавноста и јавно објавени. Во извештајот пишува дека не е сигурно колку овие информации се точни, но се наведува дека тој е социјалист и дека сака да понуди информации кои би биле важни за САД.

Во белешката од состанокот на агентите од ФБИ со Маркул стои дека тој ја посетил Југославија во 1953 година и дека во два наврати се сретнал со Тито. Првиот состанок траел околу 1 час и во таа прилика забележал дека маршалот Тито има по пет прсти на секоја рака, а Маркул тврди дека вистинскиот Тито ги загубил показалецот и средниот прст на левата рака.

Додава дека Тито со кој што разговарал во 1953 година бил образован и одлично свирел клавир, а од друга страна вистинскиот Тито бил необразован и колку што знае Маркул не знаел да свири клавир.

Маркул тврди дека Тито бил висок околу 180 центиметри, додека „лажниот“ Тито бил висок само 160 центиметри. Тој рекол дека човекот кој што се претставувал како Тито зборвал со руски нагласок и дека зборувал мирно, додека вистинскиот Тито зборувал остро.

Маркул рекол дека поминал неколку години во Русија и мисли дека има многу руски агенти низ улиците на Југославија. Во 1930 година отишол во Русија и мислел дека општеството е добро уредено, но бил уапсен затоа што не ги исполнувал работните обврски, а на американските агенти им раскажал дека избегал три години подоцна преку Сибир.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата