Белгија денес одлучува дали да го уапси Пуџдемон
Објавено во: Свет 04 Ноември, 2017 16:55
Вчера, судот во Мадрид издаде наредба за апсење на сепаратистичкиот лидер и четворица членови на неговата влада, кои се наоѓаат во Брисел. Каталонските сепаратисти се обвинети за "бунт, злоупотреба на јавни средства и непослушност кон власта".
Ако сега биде уапсен Пуџдемон, Брисел ќе го предаде на шпанските власти во рок од 60 дена. Сепак, белгиските власти, исто така, може да одбијат екстрадиција ако веруваат дека нивните човекови права ќе бидат повредени.
Вчера, адвокатот на Пуџдемон објави дека поранешниот лидер на каталонската влада сака да остане во Белгија, целосно подготвен да и помогне на локалната правда. Тој одбива да се врати во својата татковина додека не се гарантира фер судење.
Во меѓувреме, стотици граѓани протестираа во Барселона во знак на протест поради притворањето на членовите на паднатата каталонски влада.
Самиот Карлес Пуџдемон не се откажал од своите политички амбиции и е подготвен да се појави на предвремените парламентарни избори во Каталонија, кои се очекува да се одржат во декември.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




