Без пренос нема да се одржи фолк фест Валандово
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2016
Забраната за емитување на македонска музика која настана по спорот на ЗАМП со радиодифузерите ќе го откаже и фестивалот на народни песни Валандово бидејќи ако не се емитува на МТВ нема причина да настапат пејачите.
Општината и Домот на културата кои се организатори на фестивалот, апелираат до авторите чии песни се избрани за ова издание на Фолк фест, да направат отстапка и ЗАМП да ја повлече одлуката за забрана за емитување, само за фестивалските денови .
ЗАМП посочи дека изрекле забрана за емитување на музика од нивните членови бидејќи од 2013-та не се надоместени обврските кон нив и дека власта овозможила креирање на парарелно здружение СОКОМ МАП кое со дозвола на министерството за култура ќе започне со наплата на авторски надоместоци.