БГНЕС: Македонските Бугари успеаја да ја поразат про-скопската резолуција во САД
Објавено во: Македонија 30 Декември, 2022
Македонските Бугари успеаја да ја поразат про-скопската резолуција во САД, пишува бугарската новинска агенција БГНЕС.
Македонските Бугари во Соединетите Американски Држави и во светот го поздравија отфрлањето на Резолуцијата 741 на Претставничкиот дом и Резолуцијата 758 на Сенатот, која требаше да го одреди месец септември 2022 година за „Месец на македонско-американското наследство“, јави известувачот на БГНЕС.
Сите Македонци ширум светот, без разлика дали се етнички Бугари, Грци, Турци, Албанци или Власи од регионот на Македонија, го поздравија одбивањето, додава агенцијата.
„Документите, кои засекогаш останаа како нацрт-резолуција, беа засновани на фалсификати и манипулации и беа наменети да го искористат американскиот Конгрес како алатка за препишување на историјата и легитимирање на тврдењето дека „македонски“ етникум и јазик постоеле пред 1944 година“, велат македонските Бугари во САД, пишува БГНЕС.
Како што пишвува БГНЕС, вистинскиот поттикнувач на резолуциите - организацијата Обединета македонска дијаспора (ОМД) - дејствувала како странска разузнавачка организација финансирана и диригирана од странство со цел да влијае на јавното мислење и врз институциите на САД.